Автор Тема: Бизнис идеи  (Прочитано 65466 пати)

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Бизнис идеи
« на: 25 Март 2014, 10:51:41 am »
Имаме идеи немаме пари, имаме пари немаме идеи, имаме и пари и идеи немаме храброст .........Ај да си помогнеме малку со нафрлени идеи, муабети искуства, може некој ке направи нов чекор во животот. :)
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #1 на: 25 Март 2014, 11:02:26 am »
Извоз на сите оние што ни ја ебаа државава изминативе 24 години во Северна Кореа ... очигледно имаме хиперпродукција на ваков тип на производ.

(знам дека е надвор од тема али неможев ...)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #2 на: 25 Март 2014, 11:55:21 am »
Реално нема причина некој своја перспективна идеја да сподели за некој друг можеби да му ја искористи за свои цели.

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #3 на: 25 Март 2014, 12:04:22 pm »
Реално нема причина некој своја перспективна идеја да сподели за некој друг можеби да му ја искористи за свои цели.

Себично Je5us :)..... ако имаш перспективна идеа за која ти требаа 100 000 евра сподели ја со некој...може и приватно, па и ти ке имаш корист(ако немаш финансиска можност да ја реализираш). Покрај тоа може да се споделат и добри искуства  кои ке влијаат превентивно.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DDF1F7D07E33FA4A8FFA21534F3441E3

Ке кажам пример

Жена зема 3000 евра кредит за да отвори трафика и се заглави прилично добро, со оглед на ситуацијата во којашто се наогаше и можноста да го исплака кредитот. Се почна добро , за да 6 тиот месец и ја ограбат и да и направат штета од околу 1000 евра. Вложи поголеми напори, направи уште некој мал ризик повторно ја отвори, продолжи да работи. Крајот беше трагичен кога беа инспекцискиве чешлања и и влепија казна од уште 3000 евра отприлика (не сум сигурен).  Сега видно разочарана незнае кој крај да го фати.
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #4 на: 25 Март 2014, 12:11:35 pm »
Кога некогаш би отворил свој бизнис,би гледал да биде во дејност каде што наплатата е веднаш.Моментално работам во приватен бизнис и знам колку е тешко да дојдеш до пари во нашава економија.

Дамнешна идеа ми е да ги донесам Subway седнвичите,но чим некој од помоќните не го сторил тоа сигурно се работи за огромна франшиза. :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #5 на: 25 Март 2014, 12:15:27 pm »
Кога некогаш би отворил свој бизнис,би гледал да биде во дејност каде што наплатата е веднаш.Моментално работам во приватен бизнис и знам колку е тешко да дојдеш до пари во нашава економија.

Дамнешна идеа ми е да ги донесам Subway седнвичите,но чим некој од помоќните не го сторил тоа сигурно се работи за огромна франшиза. :)

За тие сендвичи сум размислувал и јас, но не со франшиза, туку да пробаш по некој свој рецепт да ги правиш... Секако мислам дека тој вкус неможе никогаш да се достигне.... Мене ми беа повкусни и од МЦ Доналдс
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #6 на: 25 Март 2014, 12:16:34 pm »
Имав ја една идеа едно време која беше поништена од моите со збооровите "учи факс да се вработиш после на сигурно" не можеме да трошиме пари на глупости. Бидејќи нив не им е јасно изгледа дека за да заработиш пари треба да потрошиш пари, а они сакаат со минимални напори тоа да се случи.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #7 на: 25 Март 2014, 12:17:12 pm »
Кога некогаш би отворил свој бизнис,би гледал да биде во дејност каде што наплатата е веднаш.Моментално работам во приватен бизнис и знам колку е тешко да дојдеш до пари во нашава економија.

Дамнешна идеа ми е да ги донесам Subway седнвичите,но чим некој од помоќните не го сторил тоа сигурно се работи за огромна франшиза. :)

А што ако се работи за огромна франшиза,кога тоа скоро 100% ти гарантира добра добивка ?

Ова ми наликува на муабетот со тој старецот(му го забораив името) што сакал да ги заебе Мекдоналдс,затоа што одеднаш не му се плаќало толку.

Чисто да знаеме на што сме,не мислам дека и ти тоа би сакал да го направиш,немам такво мислење за тебе.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #8 на: 25 Март 2014, 13:20:19 pm »
Дамнешна идеа ми е да ги донесам Subway седнвичите,но чим некој од помоќните не го сторил тоа сигурно се работи за огромна франшиза. :)

Во Битола има Sub :D



Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #9 на: 25 Март 2014, 13:30:29 pm »
Кога некогаш би отворил свој бизнис,би гледал да биде во дејност каде што наплатата е веднаш.Моментално работам во приватен бизнис и знам колку е тешко да дојдеш до пари во нашава економија.

Дамнешна идеа ми е да ги донесам Subway седнвичите,но чим некој од помоќните не го сторил тоа сигурно се работи за огромна франшиза. :)

А што ако се работи за огромна франшиза,кога тоа скоро 100% ти гарантира добра добивка ?

Ова ми наликува на муабетот со тој старецот(му го забораив името) што сакал да ги заебе Мекдоналдс,затоа што одеднаш не му се плаќало толку.

Чисто да знаеме на што сме,не мислам дека и ти тоа би сакал да го направиш,немам такво мислење за тебе.
Далеку од тоа дека сакам да ги заебам ама и сам знаеш дека никој бизнис не ти гаранитра добра добивка.Ако има таков кажи одма ќе го отвориме. :D

Плус не знаеш колку ќе ти изнесува еден сендвич.Бијдеќи ќе биде официјална франшиза ќе треба да се почитуваат одредени стандарди,па може да излезе еден сендвич 200 денари.Со таква цена поред 7-ца и останата конкуренција подобро не почнувај.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #10 на: 25 Март 2014, 13:35:12 pm »
Доколку некои има идеја, и бара партнер (на некој начин), нека се обрати на АДИНГ. Кај нас на факс имаше дечко од Адинг, кој кажа дека компанијата е отворена за идеи. Значи ти имаш идеа, идеш кажуваш што како, они истражуваат и одлучуваат дали ќе дадаат средства за таков бизнис. Идеата е заштитета, не може да ти ја украдат туку така... му доаѓа нешто како - ти идеа ние пари, и парнери. :) Накратко тоа е...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #11 на: 25 Март 2014, 13:38:51 pm »
Во нормалниот западен свет тие се викаат бизнис ангели. Кај нас се викаат лихвари.

;D ;D ;D 

Јас сум економист и верувајте во оваа држава никогаш не би почнал никаков бизнис. Причините се очигледни. Додека се мал тераш некако, кога ќе сакаш да пркнеш некому бодеш очи (читај му го зимаш бинзнисот) а бидејќи се е некако поврзано во државава со пари веднаш ќе гледаат да те уништат. Да беше така едноставно, економијава немаше да стагнира толку време.


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #12 на: 25 Март 2014, 13:40:18 pm »
New blood of old school

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #13 на: 25 Март 2014, 16:16:57 pm »
Кога некогаш би отворил свој бизнис,би гледал да биде во дејност каде што наплатата е веднаш.Моментално работам во приватен бизнис и знам колку е тешко да дојдеш до пари во нашава економија.

Дамнешна идеа ми е да ги донесам Subway седнвичите,но чим некој од помоќните не го сторил тоа сигурно се работи за огромна франшиза. :)

А што ако се работи за огромна франшиза,кога тоа скоро 100% ти гарантира добра добивка ?

Ова ми наликува на муабетот со тој старецот(му го забораив името) што сакал да ги заебе Мекдоналдс,затоа што одеднаш не му се плаќало толку.

Чисто да знаеме на што сме,не мислам дека и ти тоа би сакал да го направиш,немам такво мислење за тебе.
Далеку од тоа дека сакам да ги заебам ама и сам знаеш дека никој бизнис не ти гаранитра добра добивка.Ако има таков кажи одма ќе го отвориме. :D

Плус не знаеш колку ќе ти изнесува еден сендвич.Бијдеќи ќе биде официјална франшиза ќе треба да се почитуваат одредени стандарди,па може да излезе еден сендвич 200 денари.Со таква цена поред 7-ца и останата конкуренција подобро не почнувај.

Сите дуќани кои што беа под името на МекДоналдс во Скопјево заедно имаа дневен промет од 25-35к евра.Стварно мислиш дека 7-ца може да парира на тоа ? Далеку од тоа дека тој промет може да го достигнеш во првата година,ама со правилна работа и желба се е достижно.Газдарицата на 7-ца ми е прва комшика,и они за да го достигнат нивото кое што денеска го имаат достигнато,верувај ми,имаат многу патено.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #14 на: 25 Март 2014, 16:19:35 pm »
Затоа треба увид во финансиската состојба на фирмите. За да ги дознаеш горе-доле главните ствари.