Автор Тема: Прашање за одјава на рег. таблички  (Прочитано 18232 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Прашање за одјава на рег. таблички
« на: 20 Март 2014, 17:47:31 pm »
Здраво батковци,

дали некој може да ми помогне со информации за одјавување на рег. таблички од Скопје, па пријавување во друг град.
Дали можам да го направам тоа во име на некој друг или мора сопственикот на сообраќајната лично да направи одјава?

Се работи за автомобил (всушност фичо :D) продадено од Скопје, па треба да се одјави од таму за да се префрли на нови таблички...
Додатно, дали ми е потребен некој документ од купувачот на чие име треба да се префрли сообраќајната отпосле или не?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #1 на: 20 Март 2014, 17:52:09 pm »
Мора тоа да го направат или продавачот или купувачот, во зависност од тоа дали има одредба во договорот дека и продавачот може да ги одјави табличките.

А за тоа ти што го сакаш - полномошно.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #2 на: 20 Март 2014, 17:58:50 pm »
Благодарам за супер-мега-брзиот одговор! :]

Во договорот мислам дека немаат наведено таква одредба.
А ако не е спомнато всушност купувачот би морал самиот да дојде во Скопје за да одјави, така? - освен со сценариото со полномошно.
Или може во сопствениот град директно? (мада не верувам дека е изводливо ова...)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #3 на: 20 Март 2014, 18:03:05 pm »
Нема проблем - за тоа сме тука, што може да се припомогне.

Во принцип, најдобро е - по потпишување на договорот, да тркнат до МВР и да ја завршат целата работа.

Ама, пошто е тоа релативно тешко изводливо во денешно време, обично во тие теркови-договори има и одредба продавачот да ги одјави таблиците, за да не се шета купувачот од град во град. Ако е 10-тина километри - ОК, ама повеќе.. Не е практично.

Од сопствениот град неможе. Мора од градот каде што е купено возилото.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #4 на: 21 Март 2014, 00:54:03 am »
и нај битното... после одјавување, ако возилото не е регистрираноо, нема нови таблици се до регистрација... и уште едно ништо помалку битно е дека максимум за 24 саати од одјавување, може да се зимаат нови таблици без проблем... една од реткитепозитивни работи што профункционира од централизација на системот, па навака...

пред 15 години чекав 4 недели за истово, за кола купена во струмица...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #5 на: 21 Март 2014, 01:28:03 am »
Фала уште еднаш, батковци. Сè само полезни информации. Еве, за ова дека системот им функционира да за 24 часа можеш да земеш нови не знаев.
Последен пат кога бев во МВР за лична карта... ај да не продолжувам до крај.

Патем, малку надвор од темата, ама релативно блиску:
дали некој знае за вадење полномоштво за користење возило од некој што не е во крвно сродство (другар, пријател) - дали ова се прави во станица за технички преглед или може и само со нотарски договор?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #6 на: 21 Март 2014, 01:29:57 am »
Да не грешам,ама полномошно само нотар може да ти завери.
Едит:погрешно разбрав,занемари го постот

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #7 на: 21 Март 2014, 09:28:10 am »
Фала уште еднаш, батковци. Сè само полезни информации. Еве, за ова дека системот им функционира да за 24 часа можеш да земеш нови не знаев.
Последен пат кога бев во МВР за лична карта... ај да не продолжувам до крај.

Патем, малку надвор од темата, ама релативно блиску:
дали некој знае за вадење полномоштво за користење возило од некој што не е во крвно сродство (другар, пријател) - дали ова се прави во станица за технички преглед или може и само со нотарски договор?

Полномошно за управување, регистрација и продавање на туѓо возило изготвува или заверува исклучиво нотар.

Ако ти го изготви нотар, ќе те чини 450 денари. Ако си го изготвиш ти, како приватна исправа, и завериш потпис на нотар, ќе те чини 150 денари.

АМСМ - тие се некакви полномошна што важат во странство. Не сум вадел такво до сега.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #8 на: 21 Март 2014, 09:51:22 am »
Во ниту еден закон не стои дека треба полномшно за управување на туѓо возило во државава. Се јавував во МВР, сообраќајна полиција, републичка сообраќајна полиција, АМСМ и уште 3-4 места и никој не ми даде одговор дека е задолжително.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #9 на: 21 Март 2014, 10:33:08 am »
Мене ми побараа еднаш, имав, им дадов.

За 150 денари, не би се замарал.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #10 на: 21 Март 2014, 11:15:22 am »
Во ниту еден закон не стои дека треба полномшно за управување на туѓо возило во државава. Се јавував во МВР, сообраќајна полиција, републичка сообраќајна полиција, АМСМ и уште 3-4 места и никој не ми даде одговор дека е задолжително.
и јас имам “слушнато“ дека бараат полномошно за во државава, ама немам осетено до сега такво нешто... меѓутоа претпоставувам дека тоа е како пакет мерка за заштита на сопственикот а не за возачот... значи ако убаво се секавам, исто така имам слушнато дека во одредени ситуации незнам точно кои прекршоци, ако полицаец заустави возило кое не е управувано од сопственикот има казна и за возачот и за сопственикот... нешто ми се мотка во глава за технички неисправно возило беше казната...


инаку ПОЛНОМОШНО ЗА ВО СТРАНСТВО... на граница ти го бараат инаку нема да изелзеш со возилото. го изготвува АМСМ и не е нешто многу скапо... е за тоа имам искуство. и тоа потазе и тоа со 2 различни возила...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #11 на: 21 Март 2014, 11:26:07 am »
Во нотарскиот договор ќе стои дека купувачот ќе си го одјави возилото.
Сето другото е излишно да се зборува :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #12 на: 21 Март 2014, 12:07:48 pm »
^ што сака нека стои во нотарскиот договор тоа на шалтер во МВР НЕ ВАЖИ! да си знаеш да не спиеш на тоа уво, се изготвува посебно полномошно од нотар специјално за одјава на таблици!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #13 на: 21 Март 2014, 18:13:28 pm »
и јас имам “слушнато“ дека бараат полномошно за во државава, ама немам осетено до сега такво нешто... меѓутоа претпоставувам дека тоа е како пакет мерка за заштита на сопственикот а не за возачот... значи ако убаво се секавам, исто така имам слушнато дека во одредени ситуации незнам точно кои прекршоци, ако полицаец заустави возило кое не е управувано од сопственикот има казна и за возачот и за сопственикот... нешто ми се мотка во глава за технички неисправно возило беше казната...


инаку ПОЛНОМОШНО ЗА ВО СТРАНСТВО... на граница ти го бараат инаку нема да изелзеш со возилото. го изготвува АМСМ и не е нешто многу скапо... е за тоа имам искуство. и тоа потазе и тоа со 2 различни возила...

Никогаш не сум вадел полномошно за во странство, а сум излегол мал милион пати, главно Грција и Бугарија.

^ што сака нека стои во нотарскиот договор тоа на шалтер во МВР НЕ ВАЖИ! да си знаеш да не спиеш на тоа уво, се изготвува посебно полномошно од нотар специјално за одјава на таблици!

Не си во право.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашање за одјава на рег. таблички
« Одговори #14 на: 21 Март 2014, 18:21:40 pm »
Сакаш да се кладиме???