Одлучив сепак за Sonax Ceramic Spray поради тоа што од досада и ментална терапија боље ми е да имам hands-on пристап кон мачкање кола со заштити.
Ceramic Spray-ов е изгледа иста ситуација е како и Sonax BSD - мора да се разреди за да е прифатливо лесен за нанесување.
Денес исправ кола во Градска Перална, избришав вода кај што имаше за бришење, и полека панел по панел си ја измачкав колата.
Буквално измачкав, зошто обавезно мораше и со сува микрофибер да се помине за да се отстрани вишокот.
Исто беше и со BSD, додека не го разредив со вода (1:1, кога се потроши до 1/3, дополнив вода до 2/3), после тоа без второ пребришување се добиваше посакуваниот резултат со иста трајност.
Е сеа, споредба со Ceramic Spray vs. Brilliant Shine Detailer.
Моментот на silky smooth метал е повпечатлив со "керамиката" и барем на мојава кола, длабочината на лакот е понагласена, ама не вреди дупло повеќе пари.
Колку ќе трае поим немам, ќе пишам ваљда ако ми текне
Конечно ја видов вистинската Nero Etna боја на количево