Автор Тема: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци  (Прочитано 7586 пати)

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« на: 09 Февруари 2014, 01:14:49 am »
Здраво дечки , нов сум на форумов онака случајно гуглајки за проблемов што го имам го најдов форумов.
Знам дека за проблемов што го имам треба да посетам сервис, не дека не сум бил најмамалку на 3 сервиса и пак не ми е решен проблемов.
Значи на кратко, кога ќе удрам во дупка или испакнатина задницата ми занесува, поточно ко да ме фрла во страна. На технички пред некој ден кога ја регистрирав колата ми рекоа амортизерите задни не ми чинат, па завчера ја однесов во авто мобил да проверам. Овие ми рекоа буфер гуми на трап биле скинати. Ги сменивме и сега е подобро но на поголема брзина пак фрла задницата, помалку ама фрла. Амортизерите задните се некаде на 60%мада не ми се верува дека од тоа ке фрла на страна.
Некаде прочитав дека овие возила имале фабричка мана на трапот. Што би можело да биде проблем со трапот освен буферите кои веќе ги заменив?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #1 на: 09 Февруари 2014, 10:26:44 am »
Искрено јас сменив амортизери со 65% така да не се скапа работа а многу менуваат во "возењето" на колата. Има зошто буферите на амортизерите откажале.

Или најдобро однеси ја на некој што поправа само Рено, и да ти каже точно што е да не завршиш на крај со менување на цело подвозје само за еден дел.
Поздрав и добредојде !

п.с. Некогаш гледајќи по странскиве официјални форуми ќе најдеш добри совети

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #2 на: 09 Февруари 2014, 10:36:26 am »
Ја имав однесено во мазак кој поправа француски возила и он iистото ми го кажа за буферите. многу ми бараше рака за промена ~5000 ден и не ја остаив таму. Бтв освен буфери, амортизери и спирали што би можеле да прават проблеми на трап има ли нешто друго? За механика сум искрено ѓон такка да извинете ако лупнам нешто безвеза xD

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #3 на: 09 Февруари 2014, 14:25:18 pm »
Ваков ‘проблем‘ имав со Алфата,а го решив со нејзиното продавање... :D :D :D Шала..
Провери ги(смени ги) сите гумици назад нема многу скапо да те кошта...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #4 на: 09 Февруари 2014, 21:15:43 pm »
денес бев кај пријател за проверка бидејќи се сомневав во буферите што ми ги ставија. според него се амортизерите колку што он се разбира од механика, буферите биле ОК. веројатно така фрла на страна бидејќи едниот ми е 10% послаб од другиот, а според него колку ќе стоплува ќе бидат и послаби. ќе морам да ги сменам

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #5 на: 09 Февруари 2014, 22:14:45 pm »
Позади со спирали е или со торзија,иначе смени си ги амортизерите а и гумите провери ги можно е и од нив да ти бега задница :D

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #6 на: 09 Февруари 2014, 22:19:03 pm »
со спирали се сцениците втората серија. имам и е еден постар сценик 98ма година тој е со торзија. разлика у вожња земја ваздух. торзијата е подобара според мене

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #7 на: 09 Февруари 2014, 23:24:56 pm »
Кажи ми на автопат на поголеми брзини,на дупка дали ти љуља позади колата онака неколку пати или одма се смирува?

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #8 на: 10 Февруари 2014, 00:17:42 am »
пред да ги сменам буферите пример ако удрев со десно тркало ме носеше во лево и обратно, ама беше инстант. ќе заниша и ќе се врати. сега откако ги сменив буферите, кои видно се скинати(од 4 држача гумени внатре во чурата по 3 на секоја се скинати) некако е различно занесувањето. Сум пробал на 80км/ч не побрзо, ама сега е ко да љуља што викаш. На автопат се уште не сум ја пробал.
За гумите , 2012 година 13та недела се goodyear не би требало до нив да е

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #9 на: 10 Февруари 2014, 00:23:55 am »
Ако љуља тогаш се амортизерите, пробај прицни силно надолу на задницата и види дали ќе врати пак како што стоеше и ќе застани или ќе заигра 2-3 пати нагоре надолу.. ако игра менвај амортизери.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #10 на: 10 Февруари 2014, 00:35:06 am »
Пријателе смени ги амортизерите и ќе го решиш проблемот,наш член тука продаваше KYB gas a just мислам од  меган,можно е да ти одговараат види побарај низ огласите

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #11 на: 10 Февруари 2014, 00:38:04 am »
Скептичен сум дека сп менување на амортизери ке го анулира ‘бегањето‘ во страна.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #12 на: 10 Февруари 2014, 00:41:12 am »
чим е со спирали...евентуално омекнати спирали
ама најверојатно до амортизерите е,ете кажа дека од кога ги сменил буферите сега се сведува на лулање

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #13 на: 10 Февруари 2014, 00:45:05 am »
Па амортизерот има функција да ги намали осцилациите односно лулањето.

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Проблем со заден трап на Сценик 2 , 1.5 дци
« Одговори #14 на: 10 Февруари 2014, 00:45:58 am »
@MecheTo што би било според тебе ако не се амортизери друже ?