Здраво дечки , нов сум на форумов онака случајно гуглајки за проблемов што го имам го најдов форумов.
Знам дека за проблемов што го имам треба да посетам сервис, не дека не сум бил најмамалку на 3 сервиса и пак не ми е решен проблемов.
Значи на кратко, кога ќе удрам во дупка или испакнатина задницата ми занесува, поточно ко да ме фрла во страна. На технички пред некој ден кога ја регистрирав колата ми рекоа амортизерите задни не ми чинат, па завчера ја однесов во авто мобил да проверам. Овие ми рекоа буфер гуми на трап биле скинати. Ги сменивме и сега е подобро но на поголема брзина пак фрла задницата, помалку ама фрла. Амортизерите задните се некаде на 60%мада не ми се верува дека од тоа ке фрла на страна.
Некаде прочитав дека овие возила имале фабричка мана на трапот. Што би можело да биде проблем со трапот освен буферите кои веќе ги заменив?