Се случи на два-три пати откако залади, при палење да се слушне некој звук на штракање (3-4 сек) и потоа ќе го снема и се си е најнормално. Се работи за Scenic II 1,6 16v 2004год. Што со помош на чичко Гугле, што од мајстори, дојдов до сознание дека се работи за ременицата на брегаста, која има луфта најверојатно, (dephaser pulley). Како и да е, најверојатно ќе треба да се смени, па прашањето ми е дали некој имал слично искуство, колку е сериозен кварот и како најлесно (најефтино) да се реши.