Автор Тема: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици  (Прочитано 5821 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • Пиши лаже
Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« на: 01 Декември 2013, 20:07:39 pm »
Сакате паметен телефон со 2 SIM картици и Android оперативен систем за ниска цена? Тогаш, запознајте се со Lenovo A390t.
Пред се, да нагласиме дека се работи за Кинески уред, најверојатно копија на Lenovo телефон.
 
Уредот не е лично мој, туку ми е одстапен за рецензија од страна на Roci. Благодарност до него. Купен е од КупиЛесно по тогашна цена од 6000 денари. Моменталната цена на уредот е 4990 денари.
(Не правам никаква реклама на сајтот или сл. само кажувам од каде точно е купен)
 
Во Македонија, Lenovo како фирма за телефони е скоро непозната, или пак мал дел од луѓето знаат дека Lenovo има и свои паметни телефони.
 
Сликите не се професионално направени и сликани се со мојот HTC Sensation, така да се надевам нема да ми замерите за тоа. Снимав и видео некако, но имам потешкотии при едитирањето. Штом го средам, ке го закачам на YouTube, па ке видите и "во живо" како работи телефонот.
 
 
 
Пакување

Еве како е спакуван телефонот

 
What's in the box


 
 
Lenovo A390t паметен телефон, полнач, microUSB кабел, батерија и упатство за работа на Кинески јазик.
На сајтот пишува дека има и слушалки, но јас не најдов во кутијата. :)
 
 
Дизајн и Изработка

Бидејки не гледаме секојдневно Lenovo телефони, дизајнот на уредот изгледа по малку необичен. Нешто што боде очи (барем мене лично), не само кај овој уред туку и кај останатите паметни телефони е тоа што има многу неискористен простор под екранот. Оној простор каде што се наоѓаат копчињата за навигација.

 
Телефонот е правоаголен со заоблени краеви и е изработен е од мека пластика, која и по неколку отворања на задното капаче сеуште не почнала да “крцка”. :)

 
Долу на предната страна, се наоѓаат три копчиња за навигација, додека пак горе е звучникот. На задната страна се наоѓа 5 MP камера и звучник во долниот дел.

 
Задното капаче, кое е изработено од мека пластика, која на прв поглед делува дека е доста ефтино изработена.

Димензиите на телефонот се: 125.6 x 64 x 10.1 mm а тежи 131 грам. Овие димензии не би требало да му представуваат проблем и на човек со помала рака.
 
На десната страна од уредот се наоѓаат копчињата за контрола на звук. Копчето за камера е изоставено.

 
Од горната страна се наоѓаат Power копчето, microUSB приклучокот и 3.5mm приклучок за слушалки.

 
 
Екран

 
Lenovo A390t има 4” FWVGAкапацитивен екран со резолуција од 480 x 800 пиксели. Екранот по малку разочарува а истотака и видливоста при сончева светлина е прилично слаба. Аглите на видливост се на некое задоволителнo ниво. Но, земајки ја во предвид цената, не можеме да очекуваме ништо посебно од екранот.

 

 

 
 
Хардвер

 
Телефонот е придвижен од страна на дво-јадрен MTK6577 процесор со брзина од 1,2 GHz. RAM меморијата му изнесува 512 MB, додека пак внатрешната меморија е 4GB, од кои 1.5GB седостапни за апликации. Меморијата може да се зголеми со помош на microSD картица до 32GB. За да пристапите до мемориската картица, мора да го извадите задното капаче од телефонот.
 

 
A390t истотака поддржува и 2 картици. Опсегот е: GSM 900 / 1800 и 3G: HSDPA 2100.

 
Звучникот за репродукција на звук е доста гласен, но чистината на звукот не е баш добра.
 
Софтвер
Lenovo A390t работи на Android 4.0. оперативниот систем (Ice Cream Sandwich). Доаѓа со кастум дизајниран лаунчер од Lenovo. Надградби за оперативниот систем мислам дека нема да има.

 
Доаѓа со некои преинсталирани апликации како: Lenovo User Centar, WPS Office, Call FireWall, неколку кинезки програми за видео, тастатура и сл.

 

 

 
Двојадрениот процесор, одлично си ја врши работата при прелистувањето на интернет, а рендерирањето на станите е прилично добро истотака. Со телефонот не иде Play Store – от на Google, па како алтернатива го користам 1Mobile маркетот.
 
 
Камера
Иако телефонот поседува 5 MP камера, квалитетот на сликите е мнооогу далеку од просечна 5 MP камера. Слика со резолуција од 2592 х 1944 пиксели а поддржува и дигитален зум, како и опција за гео тагирање.
Да погледнеме неколја слика направена со Lenovo A390t
 

 

 

 
 
Поврзување
Кога сме кај поврзувањето, A390t користи Wi-Fi 802.11 b/g/n, со поддршка за Wi-Fi hotspot, GPS(со вграден A-GPS), Bluetooth 2.1 + EDR и microUSB 2.0.
 
 
Батерија
Батеријата е со капацитет од 1500 mAh, која во мирување треба да издржи од 150 до 200 часа.
За целосно да се наполни батеријата, потребни и се околу 2 часа.
За да можете да го полните телефонот, потребен ви е додаток.

 

 
 

 
Заклучокот е следен:
 
Телефонот е наменет за просечен Андроид корисник, кој не сака да носи 2 телефона во џеб а и сака да посурфа малку по интернет. Воедно, го препорачувам на секој што се пронаоѓа во погоре напишаното.
 
Кога ке го поставам видеото, ке видите подобро како се понаша телефонот при сурфање и слично. Наместо да купувате некој Типо или Водафон смарт 2 и сл. модели, би го препорачал овој. Едно што има поголем екран, друго што има 2 картици и трето што во перформанси е појак.
 
Исто доколку некој се разбира од видео обработка, нека ме контактира на ПП, ми треба помош за клиповите што ми се снимани.
 
Доколку некој има прашање некое, слободно нека праша, бидејќи телефонот ке биде кај мене уште ден-два, потоа го вракам назад.
 
Ви благодарам за вниманието. Добредојдени се и критики, секако. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #1 на: 01 Декември 2013, 21:09:33 pm »
Го користев 1 недела :) ако имаш нешто нејаснотии кажи :) добро е телефончето, ме нервираше екранот на сончева светлина, не прецизниот тач за пораки, слабата камера иако е 5мп, и секако батеријата слаба :) иначе брз е, супер работи со двете картички и тоа е незнам :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3786
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #2 на: 01 Декември 2013, 21:11:40 pm »
Jas go koristev 1 min, pojma nemam kakvo e, ama vo sekoj slucaj zanimlivo mi e da ja citam recenzijava....pozz do aftorot ;D ;D ;D

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #3 на: 01 Декември 2013, 21:16:05 pm »
Хехе добар си и ти :) :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11718
  • Архитект
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #4 на: 01 Декември 2013, 21:54:33 pm »
Lenovo е кинески бренд. Така да....... логично е да телефонот биди произведен во кина.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #5 на: 01 Декември 2013, 22:07:20 pm »
Копија на кинески производ некако чудно ми звучи.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3786
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #6 на: 01 Декември 2013, 22:14:13 pm »
Abe koj znae so e kako na gsmarena.com go dava kako lenovo a390, a voj e tuka lenovo a390t, e sea dali e kopija dali nekoj vikaat proizvoditelot na cipot e drug, a telefonite se isti, pojma nemam ;D ;D ;D

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #7 на: 01 Декември 2013, 22:21:27 pm »
обично копијата треба да има послаби карактеристики од оргиналот а визуелно да биде ист.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3786
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #8 на: 01 Декември 2013, 22:25:10 pm »
Abe vaka sea po mislenjata na drugi korisnici za telefonot a390 na gsmarena se poklopuvaat so mislenjata na boshe, pa sea majka mu stara 100eur e ne e 500eur pa koj znae so da ocekuvame ;D ;D ;D

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33980
  • Таков е животот... јебига
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #9 на: 01 Декември 2013, 22:46:34 pm »
обично копијата треба да има послаби карактеристики од оргиналот а визуелно да биде ист.

Од кај ти идеја дека е копија?
Повеќе изгледа како да е оригинал хардвер произведен и локализиран за кинески пазар.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #10 на: 01 Декември 2013, 23:33:07 pm »
Јас сум сигурен дека е овој копија на Леново оригиналниот, разликата во тоа 390 и 390т е што вториот има понов чип или процесор незнам точно, бидејки со оригиналот и омој има мали визуелни разлики, овој има напред G залепено, оригиналот не, и различно се поставени слотовите за сим картиците, инаку да спецификациите му се тие од гсмарена, и тоа е.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #11 на: 02 Декември 2013, 04:36:48 am »
Vakva diskusija padna i na IT. Nekoi velat deka e, drigi deka ne e. Ne mozham da go potvrdam jas toa. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #12 на: 02 Декември 2013, 11:54:49 am »
Јас сум сигурен дека е овој копија на Леново оригиналниот, разликата во тоа 390 и 390т е што вториот има понов чип или процесор незнам точно, бидејки со оригиналот и омој има мали визуелни разлики, овој има напред G залепено, оригиналот не, и различно се поставени слотовите за сим картиците, инаку да спецификациите му се тие од гсмарена, и тоа е.

оригиначниот телефон на леново е кинески. неможе да има кинеска копија на кинески телефон, кога оригиналот е кинески... разликата со ознаката Т е дека овој што има таква ознака е со понова генерација на чип. значи телефонов не е копија од ништо туку е оригинален кинески, пошто леново целосно е кинески продукт... исто како чери возилава...


инаку и јас го имам овој телефон, го чував и користев како бекап телефон, но сега веке пола година лепша половина активно го користи.  од мене ке речам она горе се што е пишано е ок, освен следниве неколку работи:

-камерата нема врска со 5 мегапиксели
-одкако ке му доинсталираш се што ти треба, телефонот видно се успорува. понекогаш од кликање до риспонс имаше и цела секунда чекање.
-батеријата кај сопругата моја трае во просек 2 дена. кај мене едвај дотеруваше 1 ден...
-нема футроли за него кај нас, треба и тоа одма да си го нарачаш
-нема ни протектори, иако фабрички си доаѓа со своја, сепак не е баш протектор тоа.


друго, нема, телефоно си фуче, си ја тера својата работа и на секои 24 саати (ако не го гасиш навечер) пожелно е рестарт да му се прави зашто почнуда да ги побркува малку конците. на пример туку така ке му текне и ке си ја смени сам мелодијата за ринг тон. се враќа самиот на фабрички поставената... исто и за смс пораките. па ке се изгаси само ви-фи такви некои банал ситници, кои како што реков ке ги средиш и елеиминираш со еден ресет на секои 24 саати.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • Пиши лаже
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #13 на: 02 Декември 2013, 17:41:02 pm »
За камерата веќе пишав дека е мнооогу далеку од 5ка, што ке се забележи и по сликите. Не сум инсталирал кој знае колку апликации, но сепак немав некое кочење јас со тие инсталираните. А и фала Богу дека ке закочи, не може да лета, телефонот е лоу енд.
Во секој случај брка добра работа уредот за тие пари.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Рецензија: Lenovo A390t - Телефон со 2 SIM картици
« Одговори #14 на: 02 Декември 2013, 23:44:17 pm »
да да... заборавив да пишам... за парите е и повеке од екстра...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време