Сакате паметен телефон со 2 SIM картици и Android оперативен систем за ниска цена? Тогаш, запознајте се со Lenovo A390t.
Пред се, да нагласиме дека се работи за Кинески уред, најверојатно копија на Lenovo телефон. Уредот не е лично мој, туку ми е одстапен за рецензија од страна на Roci. Благодарност до него. Купен е од КупиЛесно по тогашна цена од 6000 денари. Моменталната цена на уредот е 4990 денари.
(Не правам никаква реклама на сајтот или сл. само кажувам од каде точно е купен) Во Македонија, Lenovo како фирма за телефони е скоро непозната, или пак мал дел од луѓето знаат дека Lenovo има и свои паметни телефони.
Сликите не се професионално направени и сликани се со мојот HTC Sensation, така да се надевам нема да ми замерите за тоа. Снимав и видео некако, но имам потешкотии при едитирањето. Штом го средам, ке го закачам на YouTube, па ке видите и "во живо" како работи телефонот. Пакување
Еве како е спакуван телефонот
What's in the box
Lenovo A390t паметен телефон, полнач, microUSB кабел, батерија и упатство за работа на Кинески јазик.
На сајтот пишува дека има и слушалки, но јас не најдов во кутијата.
Дизајн и Изработка
Бидејки не гледаме секојдневно Lenovo телефони, дизајнот на уредот изгледа по малку необичен. Нешто што боде очи (барем мене лично), не само кај овој уред туку и кај останатите паметни телефони е тоа што има многу неискористен простор под екранот. Оној простор каде што се наоѓаат копчињата за навигација.
Телефонот е правоаголен со заоблени краеви и е изработен е од мека пластика, која и по неколку отворања на задното капаче сеуште не почнала да “крцка”.
Долу на предната страна, се наоѓаат три копчиња за навигација, додека пак горе е звучникот. На задната страна се наоѓа 5 MP камера и звучник во долниот дел.
Задното капаче, кое е изработено од мека пластика, која на прв поглед делува дека е доста ефтино изработена.
Димензиите на телефонот се: 125.6 x 64 x 10.1 mm а тежи 131 грам. Овие димензии не би требало да му представуваат проблем и на човек со помала рака.
На десната страна од уредот се наоѓаат копчињата за контрола на звук. Копчето за камера е изоставено.
Од горната страна се наоѓаат Power копчето, microUSB приклучокот и 3.5mm приклучок за слушалки.
Екран
Lenovo A390t има 4” FWVGAкапацитивен екран со резолуција од 480 x 800 пиксели. Екранот по малку разочарува а истотака и видливоста при сончева светлина е прилично слаба. Аглите на видливост се на некое задоволителнo ниво. Но, земајки ја во предвид цената, не можеме да очекуваме ништо посебно од екранот.
Хардвер
Телефонот е придвижен од страна на дво-јадрен MTK6577 процесор со брзина од 1,2 GHz. RAM меморијата му изнесува 512 MB, додека пак внатрешната меморија е 4GB, од кои 1.5GB седостапни за апликации. Меморијата може да се зголеми со помош на microSD картица до 32GB. За да пристапите до мемориската картица, мора да го извадите задното капаче од телефонот.
A390t истотака поддржува и 2 картици. Опсегот е: GSM 900 / 1800 и 3G: HSDPA 2100.
Звучникот за репродукција на звук е доста гласен, но чистината на звукот не е баш добра.
Софтвер
Lenovo A390t работи на Android 4.0. оперативниот систем (Ice Cream Sandwich). Доаѓа со кастум дизајниран лаунчер од Lenovo. Надградби за оперативниот систем мислам дека нема да има.
Доаѓа со некои преинсталирани апликации како: Lenovo User Centar, WPS Office, Call FireWall, неколку кинезки програми за видео, тастатура и сл.
Двојадрениот процесор, одлично си ја врши работата при прелистувањето на интернет, а рендерирањето на станите е прилично добро истотака. Со телефонот не иде Play Store – от на Google, па како алтернатива го користам 1Mobile маркетот.
Камера
Иако телефонот поседува 5 MP камера, квалитетот на сликите е мнооогу далеку од просечна 5 MP камера. Слика со резолуција од 2592 х 1944 пиксели а поддржува и дигитален зум, како и опција за гео тагирање.
Да погледнеме неколја слика направена со Lenovo A390t
Поврзување
Кога сме кај поврзувањето, A390t користи Wi-Fi 802.11 b/g/n, со поддршка за Wi-Fi hotspot, GPS(со вграден A-GPS), Bluetooth 2.1 + EDR и microUSB 2.0.
Батерија
Батеријата е со капацитет од 1500 mAh, која во мирување треба да издржи од 150 до 200 часа.
За целосно да се наполни батеријата, потребни и се околу 2 часа.
За да можете да го полните телефонот, потребен ви е додаток. Заклучокот е следен: Телефонот е наменет за просечен Андроид корисник, кој не сака да носи 2 телефона во џеб а и сака да посурфа малку по интернет. Воедно, го препорачувам на секој што се пронаоѓа во погоре напишаното.
Кога ке го поставам видеото, ке видите подобро како се понаша телефонот при сурфање и слично. Наместо да купувате некој Типо или Водафон смарт 2 и сл. модели, би го препорачал овој. Едно што има поголем екран, друго што има 2 картици и трето што во перформанси е појак.
Исто доколку некој се разбира од видео обработка, нека ме контактира на ПП, ми треба помош за клиповите што ми се снимани.
Доколку некој има прашање некое, слободно нека праша, бидејќи телефонот ке биде кај мене уште ден-два, потоа го вракам назад.
Ви благодарам за вниманието. Добредојдени се и критики, секако.