Ај да освежиме темава малце со некои "занимливи" информации ..
Имено, дур листав странски форуми за колава, дознав дека Голфот, иако е лимитирана едиција, нема уникатна плочка со број на производство ... На што се должи оваа превара?
Првичното производство било планирано за Англија, Швајцарија и Германија, секако ...
Но откако оние 1500 примерка биле продадени во рекорден рок, почнале да се допроизведуваат уште ...
Откако ова станало сомнително, се кренала голема галама низ Англијата, зашто не се унифицирани гоЉфовите по број, и зашто обичниот модел е почнато да се продава под Edition 30 капа?
Се претпоставува дека голем дел од купувачите ја контактирале Службата за заштита на правата на купувачите, се чувствувале измамени дека купиле кола под импресија дека е лимитирана серија, а се нудела во количина поголема од предвидената, во овој случај 1500 примероци ..
Раководните ѓубриња тогаш излегоа со соопштение, дела досега се продадени 2300 гољфови во светот, со таков мотор, од кои 1500 до тој датум се Еdition 30, а останатите се излезени под Pirelli Edition...
Останатите 800 голфа се повлечени од продажба, и со мала модификација е добиена таа Пирели Едицијата, која има сини седишта, односно различен ентериер од 30-ката ..
Значи каков минус е ова за VW ... Срамота ...