Другар, овој радар во МКД е делумно употреблив. Цената ти е превисока, тоа е вториот муабет.
Еве ти цена од официјалниот сајт, а ако сакаш и цени од ибеј ке ти постирам. Многу е едноставно.
https://www.cobra.com/products/esd-ssr/esd-7100Антирадаров е дизајниран да ги лови ласерските зраци на полициските радари во Америка или Канада кои работат на К - 24.125 GHz или Ка - 33.4 - 36.0 GHz бандовите. Истите тие се користат и во Европа, но некаде, не секаде. Најчесто во Европските држави полициските радари работат на други бандови, односно бандовите со фреквенција од Х- 9.41 GHz, 9.90 GHz и Ku бандот кој мислам дека е и кај нас но не сум 100% сигурен во тоа и работи на фреквенција од 24.125 GHz.
Ласерот е на фреквенција од 331.6 THz односно 904 nm...
Во оригиналното упатство од антирадаров се наведени други фреквенции на бандовите (стр11):
https://www.cobra.com/sites/default/files/manuals/ESD7100_MANL.pdfТака да мислам дека овој антирадар во нашава држава е неупотреблив односно делумно употреблив.
Конкретно за нашава држава успеав да најдам оскудни податоци односно дека имаме:
27)FYROM:
K band (Kustom)
X band (Komar)
Traffipatrol Laser
Или подетално за цела европа:
http://www.flitsservice.nl/phpBB/international-discussions/list-of-bands-in-europe-t15297.htmlВо ново време мислам дека повеќе не се користат старите радари, него све е префрлено на ласерска технологија, можеби некој член ке потврди...
Ти нудам 600 денари и ако си заинтересиран пиши ми ПП.
Поздрав
п.с. Информирајте се пред да огласите нешто или пред да купите нешто...