Автор Тема: Одржување на возила со плински уред  (Прочитано 26651 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одржување на возила со плински уред
« на: 05 Јули 2011, 17:09:32 pm »
Здраво Плимонт,

Сакам да прашам дали возилата со плински уреди треба да имаат пократки сервисни интервали од оние предвидени на бензин. Дали некои делови побрзо треба да се менуваат доколку колата се вози на плин итн.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #1 на: 08 Јули 2011, 12:38:52 pm »
Одржувањето на возило со плински уред треба да се прави според препораките кои за тоа возило се дадени од страна на производителот на возилото. Тоа се однесува и на типот на  резервни делови и потрошни материјали, и на самите интервали за одржување на возилото.
Значи, по вградување на плински уред не треба да се купуваат ,, специјални,, делови за возило со плински уред, како што се свеќички, филтри итн, а кои можат да се сретнат во трговската мрежа. Исто така, вграден плински уред не значи дека има потреба од пократки интервали за редовно одржување, како што се замена на свеќички, моторно масло, филтри...
Нешто поголемо внимание единствено е потребно во делот на одржувањето на електриката на автомобилот, особено кај постарите возила.. Неисправноста во делот на струјата, свеќички, кабли , бобини, ќе се почувствува побрзо и поинтензивно на плински погон. Во пракса, дотраен кабел ќе предизвика ,,сецкање,, на плински погон десетина денови пред да предизвика ,,сецкање,, на бензиски погон.
Од друга страна , се соочуваме и со екстремни размислувања и во сосем друга насока, дека по вградување на плински уред веќе нема потреба од одржување на самото возило и бензискиот дел на моторот. Понекогаш е многу тешко да успееме да објасниме дека плинскиот уред е секундарен систем  поставен на моторот, и директно зависи од исправноста на примарните системи чија исправност е предуслов за добра работа на моторот и на бензиски и на плински погон.
Ова се општи препораки за одржување на возило со вграден плински уред. Ви стоиме на располагање за прашања на оваа тема кои евентуално би сакале да ги поставите, ќе се потрудиме да дадеме корисен одговор.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #2 на: 08 Јули 2011, 12:40:26 pm »
Fala vi na odgovorot, jas licno najmnogu sto imam slusnato e deka svekickite treba pocesto da se menuvaat megjutoa gledam deka vie velite spored propisanoto od proizvoditelot

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #3 на: 18 Јули 2011, 23:42:20 pm »
Kога сме кај свеќиците, кога го ставив плинот со обични свеќици знаеше на моменти да засецка. Пробавме со подесувања и такви работи да го отстраниме тоа и не успеавме. Купив NGK за плин свеќици и си работи нај нормално.
За оддржување нема ништо посебно. На иста километража се менува масло и филтри, моторот работи одлично иако во зимо не е пален на бензин. 10-11 години вози на плин мука нема пупу да не ја урочам :)
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #4 на: 19 Јули 2011, 07:47:26 am »
jas pred da go stavam smeniv svekicki NGK megjutoa me sovetuvaa da si stavam za benzin bidejki tie samo za plin moze da mi napravat problem na benzin koga ke vozam a i na net vo katalog na NGK za ibiza gi dava istite svekici i za benzin i za plin

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #5 на: 19 Јули 2011, 14:53:18 pm »
Епа добро за секоја кола различно е, јас имам Шкода Фелициа и кога ги сменив се подобри работата на моторот
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен slaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #6 на: 02 Декември 2011, 14:41:14 pm »
Марче што ибица имаш ти?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #7 на: 02 Декември 2011, 14:47:19 pm »
1.4 таа со 86кс restyle што е пред оваа што е сега тековна

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #8 на: 02 Март 2013, 19:01:46 pm »
Mislam deka vo temava treba da se napise i vo koj servisen interval se menuvaat filtrite na lpg sistemot.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #9 на: 02 Март 2013, 19:03:40 pm »
На 20.000.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #10 на: 02 Март 2013, 19:05:03 pm »
Mislev i za dvata vida na filtri.
« Последно менување: 02 Март 2013, 19:17:51 pm aleksandarbt »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #11 на: 02 Март 2013, 22:44:42 pm »
Мене ми кажаа 30 000 :) и чекам 30 000 да напраам...кај да е... :D :D

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #12 на: 09 Март 2013, 16:15:35 pm »
Мене ми кажаа 30 000 :) и чекам 30 000 да напраам...кај да е... :D :D

Po tehnicka specifikacija filterot za gasna faza kaj Landi Plus Max se zamenuva na sekoi 20.000 km, i nie preporacuvame menuvanjeto da se pravi na taa kilometraza. No se raboti za ured so mokni i izdrzlivi komponenti, taka da vo praksa nema da ima problem i ako se menuvaat i na 30.000 km

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #13 на: 09 Март 2013, 16:17:25 pm »
Плимонт, дали водите евиденција за возилата кои имаат инсталирано уред кај вас ? За сервис и слично, на колку км ова она ?

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #14 на: 09 Март 2013, 19:17:04 pm »
Сакаш да провериш некое возило дали е монтирано во плимонт и дали е сервисирано таму?