Автор Тема: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned  (Прочитано 17864 пати)

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #45 на: 19 Февруари 2014, 18:15:30 pm »
@Acekovac ... Ako gi montirash ti kaj shto sakas,na sekoe stavanje vo rikvers ke ti titititiiiiiiiiiitka :D  taka da za dzabe ke ti bidat senzorite,mora da gi podignesh gore

Отсутен toss

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #46 на: 20 Февруари 2014, 02:07:25 am »
Здраво. и јас имам Бора и сум од струмица. Сам си наместив паркинг сензори, функционираат беспрекорно како од фабрика. Исто така си наместив лупи во светлата со ксенон 10000К ама ми се некако многу сини. Поздрав

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #47 на: 20 Февруари 2014, 12:41:26 pm »
Здраво. и јас имам Бора и сум од струмица. Сам си наместив паркинг сензори, функционираат беспрекорно како од фабрика. Исто така си наместив лупи во светлата со ксенон 10000К ама ми се некако многу сини. Поздрав

Да 10000К е многу, јас се распрашував за 8000 али и тоа демек не било добро во одредени случаи, како на дожд на пример, а убаво изгледа :)
Туку сензориве глеам си ги ставил на лајсната, јас изгледа ќе ги ставам веднаш под неа.
Вчера изгледав неколку видеа на youtube за оваа работа и кај некои мониторчето беше ставено назад :)
Се мислам и јас да пробам така па после ќе си го преместам :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #48 на: 20 Февруари 2014, 12:48:23 pm »
За ксенон макс. 6000К.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен toss

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг:
« Одговори #49 на: 22 Февруари 2014, 04:08:57 am »
Неприметливи се на лајсната сензорите. Мониторот ми е во левиот ќош на ветробранско стакло и сега за сега е добро само што летно време ако стои на сонце поинаков е звукот на титкање. Имав ксенон  со 6000К и ми беше супер ама сакам експерименти и зедов 10 000 за проба. На мој другар сега местам лупи со 8000К 55вати и можам да кажам дека многу е гочема разликата во домет за разлика од моите 35 вати. Ке ставам некоја слика после монтажата

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #50 на: 05 Март 2014, 22:47:59 pm »
malku update :)
vikendov smeniv ulje, staviv Liqui Moly MOS2 10-40 zaedno so site filtri, zadni amortizeri i gi staviv parking senzorite
od uljeto sum prilicno zadovolen, nema nekoja golema razlika ama sepak e smeneto rabotenjeto na motorot za nijansa
eve i nekoja fotka od senzorite kako izlegoa





@Angel_1.3 bev kaj toj so mi go kaza za bojata, evtino mi ja naplati no ne ja napravi ista, malku posvetla izleze ali ne e strasno za na mali povrsini

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #51 на: 06 Март 2014, 01:24:06 am »
Што е ова над ретровизорот?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #52 на: 06 Март 2014, 01:25:23 am »
од паркинг сензорите,одалеченоста ја покажува

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #53 на: 06 Март 2014, 22:35:47 pm »
da monitorce e toa od senzorite
interesno e sto pokazuva za desno i levo posebno
jas mislev ke go pokazuva samo najbliskiot senzor sto e do preckata

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #54 на: 09 Август 2014, 17:29:25 pm »
Мало летно освежување на темата :)









Инаку знае ли некој кај можам да најдам капачиња за на банажите на старо?
Ми ги извадија пред некое време и не ми се дава пари за нови, пошто ништо чудно пак да ми ја посетат.

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #55 на: 16 Август 2014, 23:07:47 pm »
Borta nogo mi e poznata a ne te znam :D :D a za kapacinja,proveri vo Risto Demirkapijcut

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #56 на: 18 Август 2014, 18:55:24 pm »
Тогаш следно мое идејне уф Гивгилија пијме кафе :)

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #57 на: 18 Август 2014, 21:42:43 pm »
Dogovoreno nemish gajle :D

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: VW Bora 1.9 TDI 110KS ChipTuned
« Одговори #58 на: 15 Март 2016, 23:25:33 pm »
Онака да ја расчистиме прашината и пајажината... :)

Ова ќе биде долго, од последниот пост се десија многу работи, така да се извинувам за долгиот пост што следи.

Лани некаде пред летото ми истече киселината од ретровизорот. Читав на интернет дека може да направи проблем по пластиките па го извадив и ја исушив целата течност од него, сега си работи како обично огледало, без auto-dimming функцијата.

     

Купени нови и намонтирани Sava Intensa HP летни гуми.

До сеа два пати ми е лепен картерот, еднаш ја закачив натоварен со 5 души и еднаш од камен на автопат. Посебно се изнервирав вториот пат, бидејки се враќав од мајстор кај што бев за да ми ја провери рутински пошто се спремав за на прилично долг пат... и ни до Скопје не стигнав.
Картерот е успешно е залепен и ни капка улје не троши, имав некои слики од него ама неам појма кај се. Поради тоа што е пониска од обична Бора за 4 прста (не знам колку cm ќе му дојде тоа), со мене во багажник си носам кит за лепење :) Ах да и после секое лепење, ставам ново Liqui Moly mos2 10w40 улје.

Одкога се деси тоа тргнав кон остварување на мојот долгогодишен сон :)

Испланирав патување по јадранската магистрала, од почеток до крај. Преку Косово и Албанија си почнав се по ред, од Улцињ до Лидо ди Јесоло.
Патот вкупно одење и враќање ме фати околу 3500km и сето тоа во 18 дена, бидејки сепак се работеше за летен одмор.

Посетени сите поголеми и поубави места, со задржување колку што овозможуваше времето. Патувањето започна со журка во Будва на Sea Dance Festival, следеа многу сончеви денови, мада не фати многу добра бура на Истра, си ја запросив девојката во Венеција, на враќање бевме и до Плитвички Езера и на крстарење низ Хвар, Бол... се спиеше претежно по кампови кои што ги има многу, само две вечери моравме да спиеме во соба во Нин.

Се возеше по минимум 5-6 саати, со паузи. Најдолгото патување ми беше Котор-Скопје, 9 саати со една пауза, е тогаш зажалив со не ми работи cruise control-от.
Рутата беше вака, ова се поголемите места кај што застанавме, имаше и многу мали места што беа прекрасни али тогаш листата би била преголема:
Скопје-Улцињ-Бар-Сутоморе-Будва, Будва-Остров Цвјече-Тиват-Костањица, Костањица-Нови Сад-Дубровник-Макарска, Макарска-Сплит-Шибеник-Задар-Нин, Нин-Сењ-Ријека-Опатија-Ровињ-Савудрија, Савудрија-Копар-Трст-Лидо ди Јесоло
Лидо ди Јесоло-Трст-Ровињ-Опатија, Опатија-Плитвички Езера-Макарска, Макарска-Костањица, Костањица-Скопје

Патот одличен, со многу убави пејсажи, сега кога ќе се присетам му посакувам на секој да го доживее тоа чуство, бавно се вози а со тоа и просечната потрошувачка беше одлична (обично околу 4.5l/100км) и се помина без ниту еден проблем. На авопат излеговме единствено од Опатија до Ровињ бидејки мораше да заштедиме малку време.
Ме сопре полиција 3 пати, два пати во Хрватска и еднаш во Италија. Во Хрватска ме застанаа поради чудните таблици што сум ги имал (дека не пишува МК на нив, има лепенка од претходниот сопственик), се извадив дека сум кутро македонче и грците не ни даваат да имаме МК :)
Иако сум со неатестирани фолии и со изваден катализатор, никој не се испозамара за тоа.

Некоја фотка од горенаведеното :)

     

Стиго чумур и дојде зима.

Сменет антифриз, ставен црвен G12 купен од mr. Bricolage, оној српскиот мислам дека беше, ставена течност што не замрзнува во брисачи.
Купени и намонтирани Tigar Winter гуми, нешто за што бев пишман бидејки немаше некоја зима оваа година :)
Ајде и некоја зимска фотка...



 

Сега во Февруари сменети сајли за рачна, плочки напред и назад (ставени се Wolf и ќе ги менувам пак) и сменети се спони, сето тоа со работна рака ме фати околу 3500ден.
А еве зошто ќе ги менувам плочките, пошироки се и цело време гребаат, плус многу свират т.е. претерано многу свират.

 

Се скрши регулаторот за ретровизорите при миење на колата во автоперална, па е сменет со нов. Сликата не е од него, но тоа е тоа што се деси.



Сега за сега се вози без проблеми и си се мењава само потрошен материјал, се надевам така и ќе си продолжи. Ова е трета регистрација од кога си ја имам и имам поминато 40 000km со неа.

Следни планови ми се 16" бандажи и да си ги користам како летен сет, сакам да ја обновам бојата малку и cruise control-от не ми работи уште од кога ја земав па сакам да видам и со него што е работата пошто си ја возам и ми треба.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5189
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #59 на: 16 Март 2016, 00:22:12 am »
Прво, нека ти е со среќа и се најубаво во заедничкиот живот!
А друго, добра рута и вожња, со малку заебанции претходно. :)
И првата слика со снегот ме бендиса, со што е сликано?
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that