Одличен избор! 150ks е моторот за таа кола. Каросеријата е тешка, екстра коњските сили од 16 вентилецот добро ќе и` дојдат. Што се однесува до трајноста, и двата се солидни мотори. Состојба со делови....како да ти кажам... Знаеш колку 159-ки се продадени во МК?
Е баш така е и со делови
Најверојатно за делови за подвозје амортизери и слични работи, ќе мора да си најдеш некој извор од соседството, освен ако не сакаш да го осетиш сатарот на овластениот дилер.
Инаку, воглавно ако би бирал, би бирал од 2008 година нагоре, затоа што тие се „верзија 2“, односно ревидирана шасија, 40-50кг ослеснета, подобрувања во системот за кочње, подобри алу бандаши и оправени сите „бубици“ што се појавиле во меѓувреме.
И да даеш едно кругче...