Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408191 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #495 на: 11 Мај 2014, 11:38:14 am »
Само што планирав да го постирам истото

Одличен сајт http://rationalwiki.org/wiki/Main_Page


http://rationalwiki.org/wiki/Monsanto
Цитат
Ironically, it seems that Monsanto gained a near monopoly position in the GM seed market because of onerous regulation of GM crops, which effectively prevents any publicly funded research project or a small start-up from successfully navigating a product through the bureaucracy. These regulations were mainly brought about in response to public concern manufactured by anti-GMO groups. Monsanto is therefore a nemesis of their own making.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #496 на: 17 Мај 2014, 14:38:57 pm »
Пак Русија да не спасува:


As Russian MPs ponder over a draft bill that could see GMOs outlawed, the country’s chief genetic safety activist tells RT she is skeptical about the legislative initiative and urges ‘long-overdue’ independent international research.

GMO production and distribution is likened to terrorism by the authors of a draft bill submitted to the Russian parliament earlier this week. It’s not the first comparison of the kind, according to Elena Sharoykina, director of the Genetic Safety Public Association (GSPA), a 10-year-old NGO in Moscow, Russia’s major campaigner for GM-free food and agriculture.

In an interview to RT, Sharoykina recalled a statement made by the NATO Committee on the Challenges to Modern Society in the Belgian city of Liege in 2004, in which it warned that GMOs may be used as a genetic weapon.

“If serious international experts on security who have close ties with the scientific community say this is possible then there’s no smoke without fire,” Sharoykina said.

The GSPA director is still skeptical about the draft bill, as she sees no way in which the legislation could be enforced in practice, as it would be hard to prove a direct link between certain GMOs and health or environmental problems.

The activist however cites some disturbing experiment results, like the one GSPA conducted with the help of the A.N. Severtsev Institute of Ecology and Evolution in 2010.

“We conducted an experiment on hamsters taken from the natural environment,” Sharoykina said. “We had a group that was given standard feed-stuff plus pure soy and another group which had their standard feed-stuff combined with GM soy. The animals which were eating GMO did not have their third generation born.”

Elena Sharoykina, director of the Genetic Safety Public Association (GSPA). Photo from vk.com/oagbruElena Sharoykina, director of the Genetic Safety Public Association (GSPA). Photo from vk.com/oagbru

The GSPA director confesses it was a modest, underfunded experiment and a more serious and comprehensive one is needed and is going to be conducted in Russia. The NGO has already enrolled a team of researchers from the US, France, the UK, China and Russia and will make sure the experiment will comply with all international standards. It’s also going to be available for everyone to follow online.

The GSPA is raising funds from as many sources as possible for the experiment to come up to the group’s claims – the first-ever independent international research on GMO.

Until results of this kind of experiment become available, Russia should abstain from opening its market to GMOs, despite economic losses the step might incur, the expert says.

“How can we think about money when we’re talking about the health of our close ones?” Sharoykina asks. “Russia has huge territories and doesn’t need GM foods. Moreover, we have all the chances of dominating the clean, unmodified food market.”

After entering the World Trade Organization, Russia was expected to allow GM foods production and distribution. However, in March Russia’s president said the country was able stay GM-free without violating its obligations to the WTO.

In April, Prime Minister Dmitry Medvedev told MPs that Russia will not plant GM seeds for at least three more years due to delays in creating the necessary infrastructure. Earlier Russia had expected to allow planting such seeds from June 2014.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #497 на: 17 Мај 2014, 23:17:50 pm »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #498 на: 18 Мај 2014, 08:02:51 am »
RT е извор на вести во споредба со кој CNN и Сител се уберобјективни, супернеутрални новинарски ремек-дела вредни за пулицер.



Wake up sheeple!


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #499 на: 18 Мај 2014, 09:26:32 am »
Секое сабајле пуштам RT со кафенце, тоа е медиумот кој му фалеше на светот.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #500 на: 18 Мај 2014, 09:41:56 am »
Секое сабајле пуштам RT со кафенце, тоа е медиумот кој му фалеше на светот.

...As in „уште само тоа фалеше“.

Побарајте го Вашиот омилен извор на знаење и информации во оваа некомплетна листа. Каде, инаку, на друго место ќе ги видите заедно Fox News и Russia Today?

http://rationalwiki.org/wiki/RationalWiki:Webshites

RT (http://rt.com/): Formerly known as Russia Today, this Kremlin-funded piece of work manages to straddle both wingnuttery and moonbattery in its reporting. Conspiracy theories and absurd amounts of craziness passed off as "alternative" news abound.

« Последно менување: 18 Мај 2014, 09:52:46 am filipv »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #501 на: 18 Мај 2014, 10:05:40 am »

Да бе, да. Сега и Русија кова заговори за ГМО храната. Независните научници лажат. Све сами лоши момци и лажговци се собрале против американските добри момци, газдите на ГМО индустријата.
Сите лажат само ГМО индустријата ви мисли добро. На CNN убедуваат дека ГМО е супер за нас, и нивната објективност нема потреба да ја спориме. Нема врска што истите газди се сопственици и на ГМО индустријата, и на медиумите како CNN, Fox, NBC, и сите други поголеми куќи (минус RT).

Добра теорија, само има еден приблем. Мотивот.
Добро прашање е која страна каков мотив има. Која страна што добива а која страна што губи со прифаќање или неприфаќање на ГМО?

Како и да е, ако некој свесно сака да се труе себе и своите со тоа страње... негово право е тоа, на крај краева. Ама и ние другите имаме право да избереме, дали да го консумираме тоа, или не.
Или правото на слободен избор, и воопшто правата на мнозинството не се важни, а?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #502 на: 18 Мај 2014, 11:23:22 am »
Да бе, да. Сега и Русија кова заговори за ГМО храната.

Да.

Независните научници лажат.

Не. (ама тоа не се тие што ги цитира РТ)

Све сами лоши момци и лажговци се

Тоа е голема дилема која често ме мачи: дали овие што заговараат кемтрејлс, гмо-рак, илуминати, хаарп и слични глупости имаат скриена агенда, или се потполно искрени и просто толку им сече. Фифти-фифти сум, не можам да одлучам.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #503 на: 18 Мај 2014, 12:12:38 pm »
Како и да е, ако некој свесно сака да се труе себе и своите со тоа страње... негово право е тоа, на крај краева. Ама и ние другите имаме право да избереме, дали да го консумираме тоа, или не.
Или правото на слободен избор, и воопшто правата на мнозинството не се важни, а?

Правата на мнозинството се на секои 4 години да бираат некој кој знае повеќе од нив и кој ќе носи тешки одлуки за кои мнозинството е ниту доволно образовано, ниту доволно искусно да ги носи . Вие барате нешто друго кое се нарекува популизам. Сакате вашите лидери да го земат тоа што е популарно и без размислување, тестирање и проценка ви го продадат за гласови.

Не ми е јасно како можеш да ја видиш поврзаноста на Монсанто со војната во Украина, а не можеш да ја видиш политичката позадина на неодамнешните одлуки на Русија и нејзиниот мегафон за перење мозок RT. Второто би можело на некој извртен начин да ја поддржи твојата теза за Украина.



Како се раѓаат најголемиот дел од теориите на заговор:

1. Забележуваш тренд кој не ти се допаѓа
2. Наоѓаш кој се моќниците кои профитираат од тоа
3. Правиш филм за тоа како моќниците од 2. во темна зачадена соба прават злобен план за остварување на трендот од 1.
4. Профит


Еве ви една теорија, набрзина склопена по погорното упатство:

Газдите на Монсанто сакаат да се вклучат во бизнисот со храна. Знаат дека не ги бие добар глас и како такви тешко ќе се пробијат во таа индустрија. Наместо со преструктуирање и банкарски магии да го променат името кое стои пред нивните пари и моќ, решаваат да ја постигнат целта користејќи го нивниот негативен публицтет. Тука лежи ѓаволската финта.

Се пробиваат во дел од пазарот кој е нов, кој исто како нив има голем негативен публицитет и без срам се претставуваат како новиот лидер во производството на ГМО. Ова резултира со општа паника кај оние кои ја знаат историјата на Монсанто, кои здружени со конзервативците кои се уплашени од се што е ново прават огромен притисок за зголемување на регулативите за ГМО.

Во Монсанто не се уплашени од лошиот глас кој ги бие. Нивен директен муштерија не се крајните корисници, туку земјоделските корпорации кои се заинтересирани само за квалитетни семиња и производи кои Монсанто со помош на технологијата за генетски модификации, лесно може да ги испорача. Не ги плашат ниту заострените регулативи, тоа им беше првичната идеја, затоа што се единствените кои имаат доволно моќ, пари и капацитет да ги исполнат сите непотребни бирократски побарувања. Се се одвива според планот.

На овој начин Монсанто станува неоспорен лидер во индустријата за храна со 65% од пазарот за ГМ семиња, односно 25% од светскиот пазар на семиња. Помоќни од било кога.

^инспирирано од ова:
Цитат
Ironically, it seems that Monsanto gained a near monopoly position in the GM seed market because of onerous regulation of GM crops, which effectively prevents any publicly funded research project or a small start-up from successfully navigating a product through the bureaucracy. These regulations were mainly brought about in response to public concern manufactured by anti-GMO groups. Monsanto is therefore a nemesis of their own making.

Ако сакате да го видите тој што е изманипулиран од Монсанто, фрлете поглед кон најблиското огледало, во насока нормална на неговата површина се разбира.

(интересно било ова вадењево на теории на заговор. бонус е чувството дека сте најпаметен на светот и го гледате она што повеќето не можат)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #504 на: 18 Мај 2014, 12:13:27 pm »
Тоа е голема дилема која често ме мачи: дали овие што заговараат кемтрејлс, гмо-рак, илуминати, хаарп и слични глупости имаат скриена агенда, или се потполно искрени и просто толку им сече. Фифти-фифти сум, не можам да одлучам.

Нормално, понудата да го анализираш мотивот за сето ова ќе ја игнорираш. (да, за ГМО зборувам а не за  илуминати, и „слични глупости„). Исто како што го игнорираш прашањето за правото на слобода на избор.

Ама ОК, те разбирам. Полесно е да лепиш сликици и досетки... што има да се замараш со размислување.
Пошто нас на форумов не „не бидува„ да објасниме што се случува, еве снимкиве од легендата Џорџ Карлин можеби ќе бидат поуспешни. За поголема актуелна актуелност, секоја негова референца „Америка„ можеш да ја замениш со „планетата Земја„.




И инаку не би било лошо да воочиш дека целта на темава е да едуцираме за тоа што не го знаеме, а не да си ги мериме на кој му е поголем.

Зошто е проблем да се прашува за работите?
Како станавте толкумина подложни на социјалниот инжинеринг, да ви е толку природно да се потсмевате со тие што не сакаат да се сложат со тоа што ни го поттураат како „вистина„, туку прашуваат и се спротиставуваат?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #505 на: 18 Мај 2014, 12:16:27 pm »
@Vasil Повели и еден сајт за корелации да ти помогне во што и да ти текне дека сакаш да докажеш.
http://www.tylervigen.com/



П.С. The best argument against democracy is a five-minute conversation with the average voter. - Winston Churchill

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #506 на: 18 Мај 2014, 12:21:31 pm »
Како и да е, ако некој свесно сака да се труе себе и своите со тоа страње... негово право е тоа, на крај краева. Ама и ние другите имаме право да избереме, дали да го консумираме тоа, или не.
Или правото на слободен избор, и воопшто правата на мнозинството не се важни, а?

Правата на мнозинството се на секои 4 години да бираат некој кој знае повеќе од нив и кој ќе носи тешки одлуки за кои мнозинството е ниту доволно образовано, ниту доволно искусно да ги носи . Вие барате нешто друго кое се нарекува популизам. Сакате вашите лидери да го земат тоа што е популарно и без размислување, тестирање и проценка ви го продадат за гласови.

Што беше моралот од приказната за Монсанто? (а за Украина ќе напишам подоцна нешто подетално чим толку инсистираш)
Во меѓувреме, што мислам за „демократијата„ денес, и за гласањето, не можам подобро да кажам од легендава:


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #507 на: 18 Мај 2014, 12:39:31 pm »
Зошто е проблем да се прашува за работите?
Како станавте толкумина подложни на социјалниот инжинеринг, да ви е толку природно да се потсмевате со тие што не сакаат да се сложат со тоа што ни го поттураат како „вистина„, туку прашуваат и се спротиставуваат?

"Wake up, sheeple!" --sheeple

Среќа што драгиот карлин е мртов, немаше да ти се бендиса што ќе кажеше за ова приглупа гмо параноја.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #508 на: 18 Мај 2014, 12:54:38 pm »
Ignoratio elenchi... си кажува Карлин јасно и гласно што мисли за ова, нема што ти да претпоставуваш. И кога веќе немаш намера да дискутираш, не ми е јасно откаде потребата за вакви провокации.
Кркај си ГМО и не му се секирај за нас „тероретичарите на заговори„.

Поздрави и од Карлин:

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #509 на: 18 Мај 2014, 13:22:04 pm »
Кој е тој комичар што оди против ставовите на мнозинството? Сите се популисти. Ти го продаваат твојот став зачинет со малку комедија.