Можам да го паркирам, ама само ако го испечатам претходно на А4 лист

Ќе отиде Артеонот во уредување

Ново - од пред некој ден инвеститорот имаше објавено стори/видео на соц. мрежи, па помеѓу слајдовите - го имаше и деталниот план, баш за мојот тип на стан.
Го избистрив со Фотошоп, па си направив своја скица (ископирана од планот).
На сликата се гледа и она што прашував претходно, за внатрешните врати. Има 39cm длабочина позади вратата од ходник спрема кујна, за тоа зборев хах

Пред некоја недела прашав кога може да планирам први трошоци за станот (треба да купам таркет/ламинат, не од инвеститорот), па ми рекоа на пролет.
Сакав да доземам нешто ситно потрошувачки кредит за уредување, па прашував за да знам кога да вадам кредит.