Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 19760 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #450 на: 08 Декември 2024, 13:05:25 pm »
ВАЖНО!!!
Со грчки таг неможете да поминете на мк патарина ;)

Вчера не ми отвори рампата… а тој пред мене помина без проблем… среќа немаше никој зад мене да го блокирам, се подвратив 2-3 метри и ја отворив рампата со М-кард…
Кога гледам по грешка, на стакло сум го закачил грчкиот, место нашиот таг ;)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #451 на: 09 Декември 2024, 02:38:36 am »
Таговите што ги продаваат ПСС како се надополнуваат? На македонската страна за патарини?

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #452 на: 09 Декември 2024, 09:07:09 am »
Не се надополнуваат, не се припејд како МТАГ. Тие се постпејд, се врзуваат со платежна картичка и од таму влечат пари.

https://mtel.mk/enp-tag-ured/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR3Y3jj6pNd8x7XVDgwrkbZz5z55nrvjGay-GM4dFYzxntBv_RmiJ8gHI_w_aem_lMlcY3jK6noax210OD8FKA
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #453 на: 11 Декември 2024, 11:13:21 am »
Од таа причина земав српски. Врзуваш со картичка и си тера работа. И во МК и во Србија.
Инаку мак/срб таг титка долж МК до Гевгелија а на патарините накај Штип - јок.

За оние кои патуваат преку Хрватска дури и ретко исплатливо е земање на нивни таг ( различен држач од МК и ГР таг )
Имаат и припејд и постпејд опција, а со пакет од 90 ЕУР, тагот е бесплатен и има попуст од 21%. Кај нив мотивацијата на ниво на попуст е поголем ако си припејд а помал ако си постпејд.
Има апликација за работа со тагот, каде што може да се подеси и начинот на „полнење“
Пакет со таг може да се купи на првата наплатна рампа во Хрватска (Липовац) со внимание дека треба да застанете од десна страна пред наплатните рампи (правец кон Загреб) и пешки да „претрчате“ од лева страна каде што се наоѓа пунктот за купување

Пакети - тука

https://www.hac.hr/hr/cestarina/enc?etc=1

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #454 на: 11 Декември 2024, 11:15:08 am »
Од таа причина земав српски. Врзуваш со картичка и си тера работа. И во МК и во Србија.
Инаку мак/срб таг титка долж МК до Гевгелија а на патарините накај Штип - јок.

За оние кои патуваат преку Хрватска дури и ретко исплатливо е земање на нивни таг ( различен држач од МК и ГР таг )
Имаат и припејд и постпејд опција, а со пакет од 90 ЕУР, тагот е бесплатен и има попуст од 21%. Кај нив мотивацијата на ниво на попуст е поголем ако си припејд а помал ако си постпејд.
Има апликација за работа со тагот, каде што може да се подеси и начинот на „полнење“
Пакет со таг може да се купи на првата наплатна рампа во Хрватска (Липовац) со внимание дека треба да застанете од десна страна пред наплатните рампи (правец кон Загреб) и пешки да „претрчате“ од лева страна каде што се наоѓа пунктот за купување

Пакети - тука

https://www.hac.hr/hr/cestarina/enc?etc=1

Toa e mnogu korisna informacija. Od naredna godina ke si zemam da si titkam i da ne cekam koga setam niz Hrvatska.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #455 на: 11 Декември 2024, 21:55:05 pm »
Имаат брзи fast ENC траки и тука може да се пројде релативно побрзо. Тие се обично најлево. Ако нема fast ENC (ретко да нема ама има места) тогаш проаѓањето со таг е скоро и со застанување.

Хрватскиот таг важи низ Хрватска, осем Истра. Истра одсекогаш била Истра, и кој знае, таму се истријани, па добра шала беше кога Хрватска освои место на светски шампионат, а истријниве им честитаа со честитамо нашим сусједима, Хрватима.
Во Истра може да се користи истиот таг, ама башка е надополната и апликацијата. Првично мора и тие да го регистрираат тагот, а после е исто надополна ама башка апликација. Регистрација се прави кај тунел Учка-истарска страна и на патарина кај Умаг и Пула (според мене гл. град на денешна Југославија)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #456 на: 15 Декември 2024, 13:30:42 pm »
Koi supaci se, 1200 go  naplakaat. Isto i Nashive tagovi, btw mojot seushte ne raboti ako ne go izvadam niz prozor.

Grckiot Tag go dobiv besplatno na domashna adresa.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #457 на: 15 Декември 2024, 20:29:17 pm »
Шупачки се повеќе работи.
-Зошто еден таг да не може да се регистрира во повеќе различни системи. Како смартфон купен во една држава а приклучен во друга. Секој од таговите има сериски број.
-Зошто во српските и македонските тагови се наплаќаат а грчките не ? Хрватските се наплаќаат ама во првиот пакет што ќе го земеш, излегуваат бесплатно.
- Зошто македонскиот може да биде само припејд во МК ?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #458 на: 20 Декември 2024, 13:23:01 pm »
Дали има некој земено таг од ПСС?
Препродаваат од МТел

Имам проблем со регистрација и ми дава грешка:
 * Серискиот број на уредот и верификацискиот код не се валидни.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 104
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #459 на: 20 Декември 2024, 17:58:29 pm »
Дали има некој земено таг од ПСС?
Препродаваат од МТел

Имам проблем со регистрација и ми дава грешка:
 * Серискиот број на уредот и верификацискиот код не се валидни.


На вака дефинирано општо прашање, никој не може да ти одговори.
Прашај ги таму од каде си го земал уредот.