Автор Тема: Интересни и малку познати детали за коли..  (Прочитано 194677 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #150 на: 18 Ноември 2013, 11:56:22 am »
Веројатно зашто во Јапонија возат на лева страна од патот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #151 на: 18 Ноември 2013, 12:03:12 pm »
Затоа и саат носат на десна рака.

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #152 на: 26 Ноември 2013, 19:54:43 pm »
Предницата и заднизата на Алфа 156/147 е многу слична со преднизата и задницата на хонда цивик 99 година.Поточно предницата на алфа е направена на некој си јапонски начин....тоа прво го имав прочитано некаде а пред некое време ми се укажа прилика и на лице место видов дека е така.
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #153 на: 07 Декември 2013, 11:19:02 am »
Сузуки Алто да ти било уствари Марути Сузуки, и е произведено во Индија.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #154 на: 07 Декември 2013, 14:14:00 pm »
Сузуки Алто произведено у Индија, да ти било Нисан Пиксо на некои пазари :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #155 на: 07 Декември 2013, 20:18:06 pm »
a toa suzuki, maruti i tiko da ti bilo sve maslo na GM smisleno vo Russelheim a dizajnirano koj kako stignal...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #156 на: 10 Декември 2013, 23:25:16 pm »
Ми текна да се осврнам на еден малку познат факт дека 4 цилиндричните мотори се всушност механички многу лоши мотори - од инжињерска гледна точка. Обично го кажувам ама незнам дали сум го напишал.

Што се случува кај секој од моторите додека работи:

1. Едноцилиндрични мотори. Имаат еден клип, и масата на клипот ја диктира вибрацијата која ја создава моторот. Најголемиот дел од движењето ќе биде нагоре-надолу. Но ќе постои и странично движење иако не толку силно.

2. Двоцилиндрични мотори. Имаат два клипа кои одат заедно нагоре надолу. Исто како и погоре масата на двата клипа ќе го движи моторот нагоре-надолу. Ова е најлошата можна механичка комбинација на мотор. Практично невозможно да се избалансира.

3. Три цилиндрични мотори.

Тука лежи можеби најголемата од заблудите. Повеќето мислат дека овие мотори се четирицилиндрични без еден цилиндар, но неможе да се подалеку од вистината. Во секоја можна положба на клиповите моторот е тотално балансиран. Масата на сите три клипови не генерира никакво движење. Силите од клиповите се обратно насочени еден кон друг и потполно се поништуваат при движење. Од сите 6 насоки (3 линеарни и 3 ротирачки) овој мотор вибрира во само една ротирачка насока. Лесно се стабилизира со една баланс шипка.

4. Четирицилиндрични мотори.

Најчестиот мотор на денешницата нажалост. Овој мотор има два клипа долу и два горе. Делува наполно баласиран за лаичкото око. Тој е балансиран на работната фрекфенција на моторот. Но паразитските хармоници не се балансирани. Тие се случуваат кога радилицата е дијагонална и се случуваат два пати почесто од работната брзина. Ова се балансира со два баланс шипки кои треба да вртат два пати побрзо од моторот. Големите 4 цилиндарци над 2000цц обично имаат балансери, помалите ретко. Затоа толку многу тресат и треба да се избегнуваат.

5. Боксер 2,4,6 цилиндри.
Боксерот е наполно балансиран и механички совршен мотор.

6. 5 цилиндарски мотори.

Поретки мотори. Комплетно балансиран прв и втор хармоник како кај трицилиндарците. Потребна е една баланс шипка.

7. Шест цилиндрични мотори.

Механичко совршенство. Шест цилиндарските мотори се вистинско чудо во механиката. Реткост е да се направи комплексен механички склоп кој ќе биде перфектно балансиран. Овој мотор е таков. Во секоја можна точка масата е еднаква. Кога цилиндрите се горе или долу тие се балансирани, симетричноста на дизајнот овозможува да се балансираат и ротирачките димензии. Па согласно тоа сите 6 насоки на вибрација се покриени. Ова е моторот кој треба да се употребува, заедно со боксерите. Се друго треба да се укине денес.

8. V6 мотори
Тоа се два три цилиндрични мотори кои имаат потреба од една балансерка исто како трицилиндричните.

9. VR6 мотори
Овие мотори се сметаат за редени шестаци во механиката. Се балансирани исто како и шестаците и немаат потреба од дополнително балансирање. корисен мотор за помали коли.

10. V8 мотори
Има два типа на V8 мотори едните се без тегови, едните со тегови. Оние кои се без тегови се исти како четирицилиндричните кои се користат во Ферари БМВ и други високотуражни машини. Тие се тешки за балансирање и вибрираат во вториот хармоник, но малку помалку од два четирицилиндарци (корен од 2).
Кросплејн V8 се оние познати американски мотори. Тие имаат цилиндри под 90 степени и со контратег на радилицата добиваат статус балансирани. Ваков контратег може да се користи само кај овие мотори. Исто така познати по прекрасниот звук кој го даваат.

11. Десет цилиндрични мотори. Овие се исти како два 5 цилиндрични, односно 3 цилиндрични. Потребна е една баланс шипка.

12. Дванаесет цилиндрични мотори се два шестаци и се наполно балансирани. Логичен избор за поголеми возила.

13. W12 мотори се два VR6 мотори и е балансиран мотор сам по себе.

14. W8 мотор е малку понебалансиран од флетплејн (ферари бмв) V8.


Повеќе тука.
« Последно менување: 10 Декември 2013, 23:35:22 pm Deni »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #157 на: 11 Декември 2013, 00:03:51 am »
се се, ама заW16 не рече ништо...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #158 на: 11 Декември 2013, 00:12:18 am »
3 цилиндраши што сум ги возел:
-тико: немаше обртомер, но претпоставувам дека го качив 8000рпм. Звучеше одвратно.
-Корса 1.0. Не реагира на гаста, забрзување нема. Звукот беше нормален при менување на брзини до 3500рпм. Не ја цедев.
-1.2 Фобиа ХТП. Оваа кола со менување на брзини при 3000рпм звучеше како некој расипан хелихоптер. Многу чуден звук произведуваше.
-1.2 Тди. При ниски вртежи многу фино за возење, и има добар звук. Кога се цеди вади сличен звук како Тико, значи лош.
-1.0 107. Мртво до 3500рпм, потоа живнува, но над 4500 почнува силно да трешти и вибрира.
-1.4 Тди во Фобиа. Тракторче.
-Матиз. Доста порафинирано Тико.

Можеби и да е избалансиран 3 цилиндарецот, некои од горенаведените не беа лоши во тој поглед, но ниту еден не беше избалансиран како 4 цилиндарец. Зошто е тоа така? И зошто имаат лош звук на високи вртежи, проследен со вибрации?

Исто така, не су сигурен дека сите 3 цилиндраши работат на овој принцип. Мислам дека за 1.4 тди пишуваше дека е изведен од 1.9 тди, со кратење на 1 цилиндер.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #159 на: 11 Декември 2013, 00:44:17 am »

 ;D
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #160 на: 11 Декември 2013, 00:58:48 am »
3 цилиндраши што сум ги возел:
-тико: немаше обртомер, но претпоставувам дека го качив 8000рпм. Звучеше одвратно.
-Корса 1.0. Не реагира на гаста, забрзување нема. Звукот беше нормален при менување на брзини до 3500рпм. Не ја цедев.
-1.2 Фобиа ХТП. Оваа кола со менување на брзини при 3000рпм звучеше како некој расипан хелихоптер. Многу чуден звук произведуваше.
-1.2 Тди. При ниски вртежи многу фино за возење, и има добар звук. Кога се цеди вади сличен звук како Тико, значи лош.
-1.0 107. Мртво до 3500рпм, потоа живнува, но над 4500 почнува силно да трешти и вибрира.
-1.4 Тди во Фобиа. Тракторче.
-Матиз. Доста порафинирано Тико.

Можеби и да е избалансиран 3 цилиндарецот, некои од горенаведените не беа лоши во тој поглед, но ниту еден не беше избалансиран како 4 цилиндарец. Зошто е тоа така? И зошто имаат лош звук на високи вртежи, проследен со вибрации?

Исто така, не су сигурен дека сите 3 цилиндраши работат на овој принцип. Мислам дека за 1.4 тди пишуваше дека е изведен од 1.9 тди, со кратење на 1 цилиндер.

што ти биле машиниве што си ги пробал... нема поголемо од 1.4... уствари само едно е 1.4 сите други се 1.0 или 1.2

тико звучи одвратно во било кој режим на возење. корса со 1.0 мотор посекако е полжав. пежо 107... па шта да се прича бре...

абе кај ги најде се овие ниско литражни машини да ги компарираш... да дадеше некој друг пример не ке беше лошо...

плус дени збореше за техничките работи, т.е. за балансирање на мотор од технички аспект а не како звучело и како влечело некое 3 цилиндрично бебе моторче...


и... фобија? да не мислеше на шкода фабија?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #161 на: 11 Декември 2013, 21:48:11 pm »
3 цилиндраши што сум ги возел:

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #162 на: 12 Декември 2013, 09:41:24 am »
Моторите кои BMW ги користеле во турбо-ерата на Формула 1 користеле блокови од сериски-произведени возила, конкретно од BMW 2002. Инженерите барале блокови од користени возила, и тоа возила со поминати над 100.000 километри. Според нив, ако нешто би им се случело на блоковите, би им се случило во тие 100.000 километри. Постојат легенди (кои најверојатно се вистинити) дека блоковите биле оставани надвор, на дожд, сонце и снег, и дека инженерите уринирале врз нив секое утре пред одење на работа.

Од овие мотори инженерите на BMW ваделе и по 1500 коњски сили за квалификации. Да не заборавиме дека моторите имале зафатнина од 1.5 литри.

Добро познатиот М10 блок од 1502ка кој е неуништив. Турбо полнач + кугелфишер
покасно од таму се излезени моделите Tii

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #163 на: 12 Декември 2013, 09:45:14 am »
Кога сме веќе кај BMW - на времето BMW M1 требаше да го произведува Lamborghini за BMW.

Отсутен Mak1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 442
Одг: Интересни и малку познати детали за коли..
« Одговори #164 на: 12 Декември 2013, 20:49:07 pm »
Dali znaete deka Zastava ima proizvedeno poveke modeli na Yugo Koral i ( GV i GVX - za americko trziste ) no megusebno se so razlicna tezina ( GV poradi sprajsni vo vratite - ojacuvanje za udar i na zadnite krila - stranici ) a Yugo GVX e so istite raboti no plus i so dupli patos t.e podebel pleh . :D