Остај шо да расправам. Измачен сум и јас.
- Казан, Скопје ќе ојме, букирав во хотел!
- Абе шо си букирал бе, кај брат ми ќе оефме (брат ми во Скопје живеј)...
- А не казан, во хотел сакам јас, да не служат...
- Кој хотел бе?
- Убаф казан, со пет ѕвезди, Арка се вика.
- Оф златен, абе виза треба да вадам, ти не си букирал во Скопје, во Пакистан си букирал...
Скапав вртење со колата дури да го најдам тој чикмако за кај хотело, алал да му е, пет ѕвезди, ама паднати...за желби замислување. Си седиме така во хотело и читам таму во то собата, една вода од фрижидеро 3 евра, сок 5 евра...Страф ме фате телевизоро да го пуштам, којзнај колку евра е. Мечка страф мене нестраф. Клик на дајлинското...крастајци, батериите потрошени...
Не кажав оти претходно си купивме зарзават за преживување, вотка и лимони. Вотката топла мочка. Мраз нема. Во врижидерчето...Шо фрижидерче, ја згрешило професијата, бољерче требало да се вика...
Време е за екстремни мерки. На рецепција му јавив, мраз да дојсат. Стварно бе, услужливи, секоја чест, дојсоја.
Локаме од тоа вотката и цртани на Бумеранг за мезе.
Прајме нацрт план кај ќе се лупа до ниедно време, казано плаќа.
Ваму ќе ојме, таму ќе ојме...Му се приспа.
Ај нека спија...Ладно бе во таа собата. Хотел со пет ѕвезди, ама некоја ѕвезда не му грееше изгледа, термостато нешто заебан, не уклучва...
Ајде бука ова она и од рецепција интервенција. Два чаршафи! Ами како! Оф леле, сум се нанервирал пецто. Викам, пустам штурам...Клима ми донесоја в соба. Не работеше, ама битно ми донесоја...
Другио ден изедов шо можев поќе од швецката маса (немаше швеѓани жими младоста, никој немаше) и ракета кај брат ми на топла ракија...
Е така ти е со Австраљанци шо мислат цел свет го имаат прошетано, а уствари авионо ги дојсе и ги врате...
