Увек ми се бендисва како размислува овај шо го слика Дорчо мој кај шо е успич колосан напаркинг. Можи вози фенси геј возило (добро де и Мерцедес вози), ама се гледа оти знај како се печли парата и која пара колку вреди, таа од нишај врата и земај плата (или од фирмата шо ја украде тате во транзицијата) и таа од понивје

Батиња, ај малце у реалноста да се вратиме.
Веројатно живеете во некој бабл и имате премногу утопистичка слика за општеството во кое живееме.
Просечната плата на ниво на република изнесува околу 23000 денари.
Овој износ е преамбициозен затоа што многу од луѓето кои што работат по приватните фирми и фабрики од странски инвеститори земаат и помалку.
Затоа приберете си го малку жаргонот на изразување и генерализирање затоа што изјавите што ги давате за многу луѓе кои што ве читаат се навредливи.
Никој не избрал да биде сиромав во животот.
Сите немаат иста почетна точка во трката наречена "живот". Некој потекнува од поимотно семејство, во кое предците стекнале некаков капитал кое го уживаат наследниците. Некој потекнува од работничко семејство кое што нема капитал од предци и пробува да се образува и сам да се пробие низ системот и животот. Некој не ни има предци, ниту пак родители и се бори сам без никаква помош.
Затоа не јадете вафли, како е лесно да се купи кола од ХХХХ евра, и дека си глуп и штетник ако не го правиш тоа, затоа што загадуваш...
Во суштина не се глупи тие што не купиле кола и мачно се борат за да преживеат, туку тие што успеале во животот заради мама, тато, партија, врски....
Дополнително, квази-вредностите за "успешен" индивидуалец во општеството се базираат врз материјализам и општествен статус. И најчесто тие вредности се поставени од ухлебени шупаци кои што ништо немаат направено во животот без да имаат логистика од мама, тато, партија, врски и слично.
Оттука потекнува поривот да се поседува Ауди А6 наместо Фиеста, а не од желбата да го загадуваат воздухот што сите ние го дишеме.
Кога ќе генерализирате "народ", водете сметка дека големиот дел од тој народ нема сопствен кров над глава, одгледува семејство со просечна плата (најчесто една во семејството). Дури и двајца членови во семејството да работат со просечна плата од 23к, не е можно да:
- Исплатиш рата од кредит за стан
- Да се прехраниш
- Да платиш сметки
- Да школуваш деца
- Да купиш, регистрираш и возиш возило
Затоа бе батиња, кај нас се возат и купуваат коли во ценовен ранг од 3000 до 4000 евра.
Затоа се штеди на мајсторлук, делови и одржување на возила.