Автор Тема: Chiptuning  (Прочитано 194446 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Chiptuning
« Одговори #300 на: 24 Октомври 2019, 15:52:31 pm »
Степон нема дајно, ама има многу добри мапи :)

Какви мапи користи СтопОн, од која тјунерска куќа знаеш ли ?

@marmlad мислам знае

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Chiptuning
« Одговори #301 на: 24 Октомври 2019, 17:46:09 pm »
Степон нема дајно, ама има многу добри мапи :)

Какви мапи користи СтопОн, од која тјунерска куќа знаеш ли ?
Спенс, утре ќе ја чипнеме твојата, а ако ме фати мерак и ја ќе ја чепнам.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Chiptuning
« Одговори #302 на: 24 Октомври 2019, 17:47:41 pm »
Од кај стигне  :) Едно време знам дека ставаше и од mcchip DKR, германска фирма...

Отсутен GixxerMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 150
Одг: Chiptuning
« Одговори #303 на: 21 Ноември 2019, 21:45:35 pm »
Сабајле сум на мерење

Sent from my SM-G950F using Tapatalk


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Chiptuning
« Одговори #304 на: 21 Ноември 2019, 22:12:59 pm »
Не си ги расипувајте колите, ако ви фали снага, земете појака :)
Сите коли до сега сум ги чипувал, ремапи, преправки... :) лошо им е од тоа верувајте :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chiptuning
« Одговори #305 на: 22 Ноември 2019, 00:14:33 am »
Не си ги расипувајте колите, ако ви фали снага, земете појака :)
Сите коли до сега сум ги чипувал, ремапи, преправки... :) лошо им е од тоа верувајте :)

Не ти веруваат они, they are a bunch of cowboys.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Chiptuning
« Одговори #306 на: 22 Ноември 2019, 02:59:44 am »
Не си ги расипувајте колите, ако ви фали снага, земете појака :)
Сите коли до сега сум ги чипувал, ремапи, преправки... :) лошо им е од тоа верувајте :)
Евтиното на крај скапо излегува. За 50еур ремап така ќе се понаша.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Chiptuning
« Одговори #307 на: 22 Ноември 2019, 03:15:03 am »
Не си ги расипувајте колите, ако ви фали снага, земете појака :)
Сите коли до сега сум ги чипувал, ремапи, преправки... :) лошо им е од тоа верувајте :)
Евтиното на крај скапо излегува. За 50еур ремап така ќе се понаша.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Дали ќе те ебе за 50 еур или за 350 еур, не ти менува многу. Секако ти става мапи од интернет, или калемени, правени по локални гаражи. На мојата кола 3 различни мапи беа испробани, на третата која "обеќаше" 270ks мислам дека клиповите ќе се стопеа. Секој производител на коли убаво навестува дека чип тјунингот и додатни модификации го скратуваат животниот век на колите. И убаво е наговестено дека доколку се чипува колата, треба да се променат и соодветни делови во машината за да може да ја поднесе модификацијата. На тоа побарување на луѓето BMW имаат направено нивни "чип тјунинг" што се вика BMW POWER PERFORMANCE KIT, ама кошта 2500 еур, и наместо само софтвер, колата си добива и поголем интеркулер, други црева, понекогаш модификации на усис и друго. И пак ти нагласуваат дека тоа ќе го скрати животниот век на колата. Сигурно не се глупави тие што го направиле, ние не сме попаметни од нив. Ако сакаш појака кола, купи си доколку си во можност, не си ја расипувај таа што ја имаш.ф Нема резон да форсираш веќе исфорсирани мотори како што се тие на BMW, споредувајќи ја конкуренцијата секогаш се појаки од другите.. Автоматски треба да ни е јасно дека моторите фабрично се форсирани, и веќе имаат оптимална снага.

Втора и многу битна работа е каков човек си и колку осет имаш со колата. Пример за кола што некој ќе ја вози домаќински, и да е чипувана нема да види толкав зијан отколку некој да ја вози душмански секој ден. Дури и во стандардна варијанта, повеќе ќе има мака таа што е малтретирана отколку таа што е возена како што треба. Па така повеќето луѓе што веќе ја малтретирале колата, кога ќе ја исчипуваат и ќе видат уште повеќе сила, уште толку повеќе ја малтретираат што резултира до повеќе дефекти, и воглавно уништување на моторот...

До сега сите коли што сум ги имал биле послаби чипувани до заби и малтретирани максимално. Нема никаква полза од тоа. 2.0д никогаш не бил и нема да биде 3.0д.
Единствено нешто што може да страда е трошокот што ќе те кошта многу повеќе отколку едноставно да ја продадеш колата и да си купиш појака ( доколку имаш потреба секако )... Искрено еве сега кога имам појака кола, никогаш не сум имал потреба од толку коњажа, дури за момент понекогаш помислувам дека се премногу за нашиве сироти патишта во комбинација со идиоти што не знаат да возат... Пак ќе речам поентата ми е, повози ја доколку не си во можност, и кога ќе бидеш купи си појак модел...

Според мене, ако веќе си мераклија, кола се чипува ако е нова... кај 100/150 илјади км би трпела без проблем. Земи ја, исчипувај ја, извози ја машки искини ја како што личи, и на крај продај ја нека си ја чука главата следниот. :) За жал кај нас сите уникати со 500,000... Уште чип и фали и да се распадне...

Ова е само мое мислење членови, јас ви кажувам за ваше добро да не ви пати џебот, ако имате ќеиф, а ќеифот се плаќа ЗНАЧИ САМО ВАДЕЊЕ ДПФ, КАТАЛИЗАТОРИ, ЕГР OFF, Лептири OFF и ЧИПУВАЊЕ МАШКИ има да кинете се живо и диво и некааа ЧУРИ ќумбето!!!! ;D ;D ;D ;D

Отсутен GixxerMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 150
Одг: Chiptuning
« Одговори #308 на: 22 Ноември 2019, 08:50:37 am »
Мерењето заврши :)

Од 182hp, 240Nm фабрички на 225hp, 336Nm
Модови:
AF Dynamic CAI
PRL catless downpipe
Mugen мапа

Sent from my SM-G950F using Tapatalk


Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Chiptuning
« Одговори #309 на: 22 Ноември 2019, 10:14:26 am »
Koj i napravi remap, od kade najde Mugen mapa, i kako potvrdno znaes deka toa sto ti stavile e na Mugen?
Ova prasuvam zatoa sto nikoj nesaka da kaze kakvi mapi stava, koj gi modificira, nitu bi znael kako toa da go proveram otkako ke stavat.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Chiptuning
« Одговори #310 на: 22 Ноември 2019, 10:45:05 am »
@M3V8 Шефе немој да ме сфатиш погрешно, ама не си ти за ремапирање. :) Премногу прашуваш, да не речам филозофираш.  No hard feelings bro;D :D

Отсутен GixxerMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 150
Одг: Chiptuning
« Одговори #311 на: 22 Ноември 2019, 10:47:31 am »
Koj i napravi remap, od kade najde Mugen mapa, i kako potvrdno znaes deka toa sto ti stavile e na Mugen?
Ova prasuvam zatoa sto nikoj nesaka da kaze kakvi mapi stava, koj gi modificira, nitu bi znael kako toa da go proveram otkako ke stavat.
Поминало поред муген, кодното име на мапата е тоа, мапата е од TwoStepPerformance, ја нарачав заедно со KTuner, а хондата има onthefly map change па можеш да бираш дали ја возиш на фабричка или на кастм мапа.

Разликата од стандардната до оваа е ден и ноќ, ја возам веќе 9000км и сум презадоволен.

Sent from my SM-G950F using Tapatalk


Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Chiptuning
« Одговори #312 на: 22 Ноември 2019, 14:16:06 pm »
@M3V8 Шефе немој да ме сфатиш погрешно, ама не си ти за ремапирање. :) Премногу прашуваш, да не речам филозофираш.  No hard feelings bro;D :D
@Спенсер Jas sum poprilicno za remapiranje. Zatoa sto znam deka mojot motor se sprememn za remap. Samo e prasanje kade ke go napravam remapot.

Istitot motor razviva 120ks bez turbo i interkuler. Kaj mene dodavaat golemo turbo so solidno golem interkuler i fabricki mi ja prodavaat so 136ks.
Znaci rezervi ima, hardverski motorot e spremem za poveke, i bi rekol bez posledica motorot/menjac. I menjacot go proveriv izdrzuva i mnogu pogolemi napreguvanja, baska e automatik pa i na toa treba da mu mislam.

Minimum sto ocekuvam e da znam kakov proizvod ke vgradam vo mojata kola, vo ovoj slucaj softver.
Najnormalno bi bilo da se znae ime na proizvoditel, koj ja modificira mapata, odnosno da si ima Brand name.
Za No name proizvodi ne sum zainteresiran.

Stotici stranici na forumov se ispisaa za na primer plocki za kocnici, dali ferodo ate trw textat lpr sto ti uste ne.
Kvicele ne kvicele...Pa ako kvicat za 50 evra kupuvas drugi i svrsena rabota. Ama pak e redot da znaes brand name, sto firma ti prodavaat.
Ako crkne akumulator za 3 godini, problem. 50 evra staas nov i nisto drugi ne strada.

Da ne spomnam za ulja ili gumi.....no sosema normalno sakas da znas sto kupuvas i po koja cena.

Ona sto ocekuvam od profesionalna tunerska kuka e posteno da mi kazat. Decki imame tuner po ime "XY" i ako sakas od tamo ke te kosta 500 evra.
Imame od druga tunerska kuka za "300" evra. No mozeme i nie tuka dosta kvalitetno da modificirame toa ke te kosta "200" evra. (cenive gi lupam)
Pa izvolte biraj.

A sto nudat kaj nas, barem tamo kaj sto sum bil. Mi vikaat izvini nemozeme da ti kazeme koj gi modificira mapite. Mnogu dobro znaat, a krijat. Epa toa ne e vo red. I ako jas sakam da znam ispagam "filozof".
A zborime za najbitniot del od kolata, softver koj moze da napravi steta od nekolku iljadi evra.

Taka da drugar, tuka nema nikakvo filozofiranje, samo sakam da znam sto kupuvam i nisto poveke.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Chiptuning
« Одговори #313 на: 22 Ноември 2019, 15:04:50 pm »
Да ти дадам понуда од allcartuning или од PsChipTuning ќе ти смени нешто?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Chiptuning
« Одговори #314 на: 22 Ноември 2019, 15:37:56 pm »
@M3V8  Не викам дека не си во право за тоа што го бараш и прашуваш, но да речеме дека тоа се "тајни на занаетот".
99% од тјунерите користат мапи од реномирани тјунерски куќи, само ги препорадаваат. И да знаеш од која тјунинг куќа е, додека не ја ставиш мапата и не ја пробаш колата во вожња- џабе е.  И обавезно да го ремапираш бмвто. ;D  8) 8) 8)

И имај на ум дека оригиналната мапа ти ја чуваат и за 10мин може да ти ја вратат, доколку не ти се свиѓа ремапот. :)