Прашање до поискусните
Имам проблем со губење на антифриз. Од време на време го проверувам и си дополнувам колку што е истрошено.
Бев на мајстор и ми рече дека имам притисок поголем во системот за ладење. Го отвори капачето, навистина издиша воздух под притисок. Рече да тестираме дали ќе тече антифриз со не многу стегнато капаче (јас претходно машки го стегав
).
Се сомневаше дека е оштетен дихтунгот на глава и од негде притисокот од моторот се префрла во системот за ладење.
1. Кога ќе го отворам капачето, а колата работи нема меурчиња во садот, сосема е мирно;
2. Капачето кај уљето е сосема чисто, нема бел талог и сл;
3. Кога беше стегнато капачето, имаше периодично протекување кај ребрастиот каиш, ништо чудно кај водната пумпа;
4. Со не многу стегнато капаче нема загуба на антифриз;
5. Со не стегнато капаче ми се појави некоја кафеава прљавштина во садот на капачето, до сега ја немаше. Последно течност стави тој од некое буренце;
Деновиве треба да одам да ми каже што да правам, ама сакав и тука да прашам , може имал некој сличен проблем.
Муабетот ми е веројатно ќе инсистира на промена на дихтунг за да земе пари, а реално дали е тоа проблемот?
Дали може да се вози со не многу стегнато капаче? Температурата на колата цело време си ја следам, застанува на средина и се фиксира, нема осцилации.