Автор Тема: Carina i registracija  (Прочитано 36987 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3850
Одг: Carina i registracija
« Одговори #90 на: 21 Ноември 2023, 14:16:22 pm »
Дали при увоз од фактурата се гледа нето цената (без ДДВ во земјата на купување) или целата цена со ДДВ во земјата на купување, во случај ако следи поврат на ДДВ после извозот? Како е најдобро да изгледа фактурата за да се намалат давачките?
Мислам дека најдобро е да стои нето цена + ДДВ, пр: 10.000 е + ДДВ 3.000 е (ти си плаќаш 13.000 е, а после регистрација и др документи што пиша @Sase_91 ќе се ги бараш тие 3.000 евра поврат).

Да, така е. На секоја фактура издадена од правно лице стои нето цена, па посебно е изразено ДДВ то и после има вкупна цена со ДДВ. Така да одма ќе си знаеш колку ќе имаш за враќање.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен igor100

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Carina i registracija
« Одговори #91 на: 21 Ноември 2023, 14:35:11 pm »
Дали при увоз од фактурата се гледа нето цената (без ДДВ во земјата на купување) или целата цена со ДДВ во земјата на купување, во случај ако следи поврат на ДДВ после извозот? Како е најдобро да изгледа фактурата за да се намалат давачките?
Мислам дека најдобро е да стои нето цена + ДДВ, пр: 10.000 е + ДДВ 3.000 е (ти си плаќаш 13.000 е, а после регистрација и др документи што пиша @Sase_91 ќе се ги бараш тие 3.000 евра поврат).

Да, така е. На секоја фактура издадена од правно лице стои нето цена, па посебно е изразено ДДВ то и после има вкупна цена со ДДВ. Така да одма ќе си знаеш колку ќе имаш за враќање.

Благодарам за брзиот одговор. Ок тоа јасно колку има за враќање, туку дали царни ја гледа целата сума со ДДВ или без ДДВ бидејќи различна категорија на стапки е. Пример нето без данок е 10000е е една стапка е, бруто со данок е 13000 е друга стапка е па уште ДДВ кај нас поголемо е на цела сума, а ти реално не ја плаќаш ќе ја добиеш назад зголемената цена. Дали случајно имаш искуство која цена ја гледаат? Дали има чаре помалку да се плати или тоа е :)
« Последно менување: 21 Ноември 2023, 15:16:11 pm igor100 »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10969
  • 430i
Одг: Carina i registracija
« Одговори #92 на: 21 Ноември 2023, 16:02:50 pm »
не ја гледаат цената од фактура, туку вредноста на возилото според каталог - Шваке
односно ја гледаат, само доколку е повисока од каталошката вредност (за да платиш давачки по повисоката сума)

Отсутен Mk Guru

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Carina i registracija
« Одговори #93 на: 27 Ноември 2023, 20:53:32 pm »
Не го акајте човекот да си дава пари по адвокати, медиуми и слично. Кај нас секој што вози кола поскапа од 3000 евра треба да се мрази и согласно на тоа дури и крив ќе го најдат што си купил Пасат.
Може да отиде само лично во царина да се консултира и сигурен сум 99% дека ќе го добие одговорот како што го добил во Шпедицијата. За жал внесувањето на модели од Америка е проблем заради тоа што во Шваке каталогот не го наоѓа по ВИН бројот и не им дава податоци, па согласно на тоа и го царинат како со максимална опрема и цо2. А кај нас цела царина оди преку ВИН и Шваке.
Заникаде ни е царинењето на возила и е нај очајно во светот според давачките, ама за жал тоа е, мора да живееме во ваа покраина и додека сме тука тие се законите.
Саше од кажанато на човекот постојат многу нелогичности па поради тоа ако не може сам да се избори постојат правни лица, бидејки утре можат да му лупнат не само на него мене тебе слично да платиш нешто што нема допирана точка ,човек вози мануелец му пишале автоматик , и етц верувам дека со правно лице може да истера правдина и да се заштити колку толку бидејки ова е претереано во сите граници.
Проверив во Бугарија за истото возило да се увезе со се сите давачки е помалку од 1000ЕУР ,па се прашувам зошто Македонецот треба да плати 6100 ЕУР за истите давачки односно 7000ЕУР со се хомологација и регистрација?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7389
Одг: Carina i registracija
« Одговори #94 на: 27 Ноември 2023, 21:06:16 pm »
Проверив во Бугарија за истото возило да се увезе со се сите давачки е помалку од 1000ЕУР ,па се прашувам зошто Македонецот треба да плати 6100 ЕУР за истите давачки односно 7000ЕУР со се хомологација и регистрација?

За ретардираната државна администрација, партиски вработени и рамковсни да можат да земат плата која не ја заслужуваат. Само ради тоа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13941
Одг: Carina i registracija
« Одговори #95 на: 27 Ноември 2023, 21:33:54 pm »
Проверив во Бугарија за истото возило да се увезе со се сите давачки е помалку од 1000ЕУР ,па се прашувам зошто Македонецот треба да плати 6100 ЕУР за истите давачки односно 7000ЕУР со се хомологација и регистрација?

За ретардираната државна администрација, партиски вработени и рамковсни да можат да земат плата која не ја заслужуваат. Само ради тоа.

Најточен одговор.

Отсутен Mk Guru

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Carina i registracija
« Одговори #96 на: 30 Ноември 2023, 21:38:05 pm »
За увоз на возило поточно Пассат бензинец 1.8 увезен од USA 2015 год со ист мотор како Пассат Б8 1.8 за Европски пазар исти киловати 132. Извадив ТУВ од Ауто Груп СК има заведено дека испушта 204 мг.ЦО2 на километар А секаде по официјални сајтови пишува дека тој мотор испушта 137 мг на километар. Повеќепати по тип на мотор и по сите параметри имам проверено дека истиот мотор се вградува и во Европа и во USA и затоа и го купив.
Не знам што корист имаат вака да прават од Ауто Груп СК да го фалсификуваат Цо2 со што ми се зголемија давачките за околу плус 3000 ЕУР со се ДДВ?
https://www.car.info/en-se/volkswagen/passat/b8-typ-3g-18-tsi-m6-20225203/specs
Не е само до ЦО2 и вредноста на колата е надуена до макс.
Јас мослам дека штитат автосалони или можеби и автоплацеви преполни со возила и прават да ти се исплати само од нив да се купува возило ако некој од страна увезе да му излезе дупло од оние цени на интернет.  Сепак оние што праќаат просечни помалку луксузни возила од УСА него прават тоа за препродавање или сл. Ке пробам да објаснам:
Има многу млади кои работеле преку агенции на брод или со студенска виза работеле во USA. Сите кои биле таму знааат дека дека не можеш да функционираш без возило затоа што се е на голема дистанца маркети, работно место, стан и сл. Тие кои планираат само привремено да бидат во USA и да се вратат обично према своите примања купиваат возило кое што е поефтино и кое што може да се увезе во Македонија.  Аеродромите од кои што можат да се вратат во Македонија може да бидат одалечени 1000, 1500 и повеќе километри од работното место  (1000 км беше во мој случај) така да самото враќање е многу комплициртано.  Наједноставен начин за враќање е да се спакуваат сите лични работи во кола и да се вози до местото-градот каде што е аеродромот од од таму да се прати колата со се личните работи за Македонија и со такси да се отиде до Аеродром . Личните работи 70% се донесени од Македонија со 2-3 доаѓња на одмор во Македонија по 2 куфера на секое доаѓање ама не можат да се вратат одеднаш.                             
Сакам да објаснам дека не се работи за бизнис дека некој сака екстра да заработи како во некој случај со праќање на спортски коли и џипови од USA туку само се работи за начин на враќање од привремена работа од прекуокеанска земја.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5048
  • The Spartan General
Одг: Carina i registracija
« Одговори #97 на: 01 Декември 2023, 08:03:06 am »
За тоа си има посебен процес за времено исселено лице. Уредно се пријавуваш во МВР, работиш пет-десет години во странство и се враќаш назад со возилото.

Целиот процес е малце поедноставен и правилата за еко стандард и слични работи не важат. Не се сеќавам дали се плаќаат и други увозни давачки или не. На тој начин можеш да увезеш и постаро возило за лична употреба кое не ги задоволува еко стандардите за пуштање во сообраќај.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mk Guru

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Carina i registracija
« Одговори #98 на: 01 Декември 2023, 11:10:36 am »
Не сум знаел за оваа. Освен печати во пасош немам друга пријава дека сум бил привремено одселен на година-ипол.  Каде треба да се оди во која институцуја да се пријави за ваков увоз?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5048
  • The Spartan General
Одг: Carina i registracija
« Одговори #99 на: 01 Декември 2023, 11:40:19 am »
Јас живеам во странство и кога конечно знаев дека ќе останам таму подолго време отидов во МВР кадешто се издаваат пасоши и таму пополнив картонче.
Кога се враќаш во Македонија, одиш во МВР и си кажуваш еве пак живеам тука и те вадат од списокот на привремено исселени граѓани.

пс. не ме земај за збор за точната/правната формулација на изразите. Ама во основа тоа е процедурата. Особено помага во вакви случаи кога се враќаш дома постојано и сакаш да си ја донесеш имовината. Кваката е, откако ќе ја донесеш колата и ја легализираш немаш право да ја продаваш една или две години.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Carina i registracija
« Одговори #100 на: 01 Декември 2023, 15:05:47 pm »
овој момент е важен за увоз на кола, дали е условено со минимум време колку ја поседуваш колата во странство!?

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
  • Слобода или смрт
Одг: Carina i registracija
« Одговори #101 на: 01 Декември 2023, 17:18:00 pm »
овој момент е важен за увоз на кола, дали е условено со минимум време колку ја поседуваш колата во странство!?


Да. Мислам дека беше 12 месеци. Имам постирано извадок од законот во темата за олдтајмери.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Carina i registracija
« Одговори #102 на: 01 Декември 2023, 17:58:12 pm »
Kako se gladni za para i toa ke smenat

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Carina i registracija
« Одговори #103 на: 10 Јануари 2024, 15:12:46 pm »
Мала тангента на темата - разгледувам опции за увоз и наместо да се ебавам со целиот царински процес при увоз од Германија, ми текна дека можда би било боље да земам кола од БиХ, бидејќи имам двојно државјанство.

Прашањето ми е дали ќе морам да ја префрлам колата на македонски документи за да можам да ја користам тука, или ќе можам еднаш во годината да одам да си ја регистрирам во Босна и да терам така? Се јавив во царина, батето на телефон ми кажа најубаво да одам директ во Фершпед и да се распрашам на лице место. Нешто ми вика дека таму нема да се многу од помош за ова конкретно прашање, затоа што инволвира и МВР момент. Да сакав да израчувам цена за увоз, тогаш би имало повеќе смисла.

Доколку сепак треба да се префрли колата на МК документи, дали подлежи на истиот процес и истите давачки како кола од земја во која немам државјанство?

Иначе да, цените во БиХ се приметливо пониски од МК, не како Германија или Бугарија ама доволно голема разлика за да биде добра опција.

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Carina i registracija
« Одговори #104 на: 10 Јануари 2024, 20:16:12 pm »
Мала тангента на темата - разгледувам опции за увоз ...

Најдов одговор, споделувам во случај некој истото да го интересира.

Не може да се користи кола на странски таблици во МК иако лицето има државјанство од земјата каде што е регистрирана колата. Може да биде во државата 6 месеци, и после тоа мора да биде надвор од државата 6 месеци. Тоа е последица на бугарските коли.

Да се увезе истата кола кошта исто ко да немаш државјанство во нејзината земја на потекло.