Сликата е мала, но човекот беше голем. 
http://img707.imageshack.us/img707/4673/slavco.jpg
Кој е овој ?
Славчо Георгиев- Чавле
Славчо Георгиев - Чавле активно настапуваше во македонскиот автомобилизам до 1997 година. Во тој период успеа да постигне забележителни резултати - на два пати ја освои шампионската титула (1993 и 1994 година на ридски патеки), а исто така два пати (1997 година на ридски и кружни патеки) стигна до вицешампионската титула. Покрај настапите на домашните патеки, Георгиев учествуваше на натпревари и во соседните земји. Трагичната смрт го затекна на местото член на комисијата за рели при автомобилистичката федерација на Македонија. Како зависник од брзината, Георгиев долги години беше активен и во спортското воздухопловство во Македонија.