И малку би полемизирал со зеро бидејќи да намалиш потрошвачка е посебна процедура на внимавање и пазење на се и сешто што во секојдневното користење на возилото е неизводливо. Таа намалена потрошувачка ќе е во "посебни" услови кои никој од нас не ги практикува од разбирливи причини. Значи прашањето на попето беше колку во просек трошат други исти возила во секојдневната употреба. И како што веќе некој спомна технологијата на возило од 1998 и она од 2004 не е иста
Професоре, секогаш сум подготвен за разговор!
Ако веќе правиме муабет за стари технологии, и мојот мотор е стар - класичен TDI на VW - не е ни PD. Возилото и моторот можеби се произведени во 2004-та, но технологијата на моторот е доста постара, и влече корен од старите ТДИ мотори од средина на 90-тите.
Конкретно, таа слика со потрошувачката од 4.6 литри е сликана после собирот во Маврово. На одење возевме сите во колона со брзина од 100-120 километри на час. Но ова е сликано на враќање, кога во колона бевме само 4 возила, и воопшто не возевме споро. Што вика google, кај него во Eclipse-oт покажа 120, ама милји на час. Фала богу, не возевме 200 на саат цело време, ама можам да кажам дека од Гостивар па до Скопје, под 140-150 не симнавме во ниеден момент.
Сликата е направена ептем на крај, кога веќе го ставив Леонот во двор кај мене. Значи - сепак е на отворено, но не е во ниеден момент возено споро или пензионерски, или на начин на кој што никој од нас не го практикува, и последните неколку километри се во град.
Во градски услови, Леонот го имам симнато до 5.6-5.7 литри на 100 километри, но тоа веќе беше пензионерско возење, и тешко дека би го повторил. А остварување ниска потрошувачка на отворено е лесно, само треба да се внимава на неколку работи, а максималната брзина не игра толку голема улога колку што луѓето мислат. Следниот пат кога ќе возиш со колата 150-160, ако имаш дигитален дисплеј за потрошувачка, провери колку е моменталната потрошувачка.