Одделот Renaultsport Technologies ја започна работата врз следната генерација на набилданата хечбек изведба, моделот Megane RS. Ова го соопшти шефот на компанијата Патрис Рати за француските и британските медиуми.
Според неговите зборови, новиот Megane RS ќе биде надграден целосно во согласност со веќе утврдените принципи, а ќе се користат искуства од прикажаниот минатата година- Clio RS. Моделот ќе добие автоматски менувач и по некоја веројатност - мотор со намален обем.
-Задоволни сме од резултатите постигнати со менувач со двојна кохезија и затоа ќе се држиме до тоа и во иднина, објасни Рати. - За Megane RS ќе ни се потребни поголема моќност и вртежен момент. Се уште не сме „пресекле“, дали тоа ќе биде како што беше досега 2.0 литарски агрегат, или пак ќе се одлучиме за 1.8 литарски.
Сегашниот Megane RS располага со 2.0 литарски турбо мотор со моќност од 265 КЅ и 6-степен рачен менувач. Последниот од моделите Renaultsport - Clio RS, пак смета на 1.6 литарски турбо мотор со моќност од 200 КЅ и менувач со двојна кохезија.
Топ-менаџерот на Renaultsport додаде дека во наредните 4-5 години компанијата годишно ќе пушта по еден RS-модел на Renault. Во овој циклус ќе влезат следните генерации на Megane и Twingo, а исто така и кросоверот Captur кој ќе треба да му конкурира на Nissan Juke Nismo.