Имево на темава

не знам како стоиш со пари, ама ќе набројам тоа што ми текнува, ама сигурен сум дека ќе се зголемува списокот. Кога тргаш ти? Претпоставувам дека е задолжителна изолацијата.
- микрофибер крпи, колку што можеш, во КАМ имаат понуда за 3 крпи (читај крпчиња) за 90 ден
- WD40 имај си на лагер репетирано, стварно не знам колку е таму, прсни си на сите подвижни делови, механизмите на хаубата и гепекот, осовините на вратите, чисто да ги освежиш
- ARIS или некаков сличен одмастувач за моторот, за бандажите квалитетно да ги светнеш (околу 110-120 ден во КАМ)
- Концетрат шампон кој се раствора во кофа вода од SONAX или PRAXIS, ќе те служи еден куп време, мислам дека е околу 250 ден (ќе пратам слика накнадно)
- Turtle Wax Black in a flash што можеш да го користиш за поцрнување на надворешни пластики, прагови, околу шофершајбна, ретровизори, украсната пластика на моторот, гумиците околу прозорите, црни лајсни. Сите такви темни пластични или гумени делови. 320 ден од Eurostil
- K2 BOLD tyre care за гуми нели, имав напишано како се лористи, тоа беше 300 ден од Веро (ваљда било кое Веро)
- Јас имам средство за чистење на пластика во ентериер од DM. Доста нежно, а ефективно, убаво мириса и не ја оштетува (ќе пратам слика накнадно)
- Ако сакаш еден тренинг за раце да имаш, земи си еден восок со сунѓерче и после перење рачно да го светнеш возилцето. Во Скопје ми е восокот, немам слика од тоа, ама знам дека го зедов од Хубо, заедно со сунѓерчето за околу 450 ден и ме трае еден куп време. Начинот на употреба е едноставен - на чиста кола, со водено сунѓерче нанесуваш малку од восокот додека не замагли површината, почекуваш и бришеш со чиста и сува микрофибер крпа
- Земи си и некој отстранувач на гребаници (
дефинитивно не од Џамбо) за да ги направиш тип топ браниците
- Млеко за кожа од Стокомак користам, многу убаво мириса, веднаш се впива, не остава траги, и седиштата се лизгави после тоа, малку сексиљав шмек им дава

Тоа беше околу 100тина денари, како прскалка е, не е со помпица.
- Четки - груба и мека ако ти се прави кеиф за тешко пристапни места
Ако се сетам на уште работи ќе допишам и ќе пратам слики за брзо