Пред 3-4 години и јас мојот го дував со правошмукалка, немал проблем досега. Имаше една тема по ИТ за тоа дека не е добра идеја да се дува со нејзе, бидејќи можело да направи некој спој... ( ако најдам линк ќе постирам ако може).
За кондензацијата на компресорот викаа доволно било да се стави некоја хулахопка или сл.
Инаку не е препорачливо да се усисава, туку да се издувува. И да, компресор е царска работа. Што помал е отворот, толку подобро ќе може да влезе низ хитсинкот.