Во рамки на традиционалната Изложба на олдтајмери Скопје 2013, оваа сабота скопјани ќе можат да уживаат во креациите на стари автомобили и мотоцикли.
Спектаклот за публиката ќе биде со почеток во 11 часот в сабота и ќе трае до 16 часот, кога ќе биде прогласувањето на најдобро зачуваните примероци.
Покровител на манифестацијата е „Тојота автоцентар“ – Скопје, а истата е во организација на АМК „Џип рели спорт“ – Скопје и медиумско покровителство на „Медија принт Македонија“ и магазинот за автомобили ГТА.
На паркингот пред продажно-сервисниот центар на „Тојота“ покрај најубавите автомобилски „антиквитети“ од овие краишта ќе бидат изложени и примероци од соседството, а најавено е и изненадување што ќе пристигне од Црна Гора.