Шо знам бе Дими, од двете зла избери го помалото, така сум слушал. Естетиката кај колите ми е многу битен фактор мене. Не дека колата моја е убава, али е многу поубава од све што се тркалало по улици од таа класа во тоа време.
Е сеа доаѓаме на споредбата на двете „зла“. Кога ќе ја отвориш гаражата, прво ќе налеташ на утепаната задница од CLA. Не би сакал да ми почиња секој ден така. Тука би го одбрал Голф (ако овие се единствените две коли преостанати на планетава). Понатаму, преден погон во МЕРЦЕДЕС? Срамота. Халдекс AWD wins again.
Пак субјективно си е.
Да е до мене, за многу помалку пари има Giulietta QV, во која остатокот од парите ги инвестирам во поголемко турбинче, интеркулерче, бризгалки и KW суспензија, да ја изнавозам додека не ми здосади.
Чим Мартин го бира Голфот пред CLA, мислам дека е излишно моето мислење за тие две коли. И покрај тоа што обожувам Мерцедес и повеќе од VW.
Понатаму, да ми понудат:
1. Рено РС, ќе го земам пред CLA.
2. Голф Р, ќе го земам пред CLA.
3. Голф ГТи, ќе го земам пред CLA.
4. Ауди С3, ќе го земам пред CLA.
5. Џулиета, ќе го земам пред CLA.
6. Фокус СТ, ќе го земам пред CLA.
7. А класа, ќе го земам пред CLA.
8. Октавија РС, ќе го земам пред CLA.
9. Аутлендер 2.2д, ќе го земам пред CLA.
10. Леон ФР, ќе го земам пред CLA.
.
.
.
Незнам како да доловам дека постојат многу малку коли пред кои би избрал CLA. И наполно се сложувам со Мартин за CLA, од газ, од профил, од погон, од срам за значка, од...