А што се очекува друго од таква манифестација?
Се потсетив на Нова Година пред некои 4-5 години. Психомодо Поп беа на таа Нова година, во Прилеп. Се закренавме и ај во Прилеп на средсело на Психомодо. Кога стигнавме имаше настап (на стап) на некоја рандом македонска расцицлена второкласна ороспо-певачица, уништувач на култот наречен „народни песни“. Народ шта да ти причам, шо се вели игла да нема кај да фрлиш. Заврше певачицата со давењето на мачката, дојде Драган Б. (со точка) Костиќ за со одбројување да го најави заминувањето на Старата, а и воедно доаѓањето на Новата година. Се испукаа тоа петардите и дојде ред на Психомодо Поп. Како почнаа да си музицираат легендиве, така почна да се празни сретселово. Очигледно тие што беа таму очекуваа некој турбофолк состав, нели најдоброто од екс Ју просторите познато за народецов е турбофолк...
Муабетот ми беше, секако нема пак да носат музичари од тој ранг. Ќе донесат нешто како погоре наведените. Народо сака да се весели со музикантиве, а не да се „замара“ со нешто квалитетно
