Автор Тема: Рамнење на Дискови  (Прочитано 37706 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #90 на: 10 Мај 2020, 20:34:13 pm »
На Аудито?

Ако е на Аудито, клапкаат плочките во лежиштето на шепата, 99%. Има едни плехчиња-осигурачи, јадат гомна после одреден степен на амортизација.

Се решава со точка-вар на шепата и надворешното тело на плочката.

На Полото зезаше така - тропка нешто како лим, допри кочница - го снемува. Мојот мајстор така го реши, и еве тера, 10.000 километри.

И јас бев решен да менувам плочки, а не беа за менување.

Маана на ВАГ е таа, генерациите од 2000-та нагоре.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #91 на: 10 Мај 2020, 20:37:16 pm »
Не тропка туку вади звук како цивкање,и отвори прозор и како врти тркалото цив цив цив цив нема тропкање и да Ауди е 2002 год.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #92 на: 10 Мај 2020, 20:39:12 pm »
Звук како од лим, нели?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #93 на: 10 Мај 2020, 20:47:04 pm »
На Меганот имав гадно стружење во движење во рикверц, звукот ми доаѓаше од задните тркала.
Стружењето се појавуваше со отпуштена кочница откако претходно благо ќе ја стиснев.
На сервис ги извадија плочките, не видоа ништо сомнително на прв поглед, ги зашмирглаа малку, ги издуваа дисковите, наводно некое зрнце песок знаело да влезе измеѓу плочката и дискот итн.
Бев скептичен, но стружењето исчезна и никогаш повеќе не се појави.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #94 на: 10 Мај 2020, 20:47:45 pm »
Не знам како да го опишам звукот, може е смешно но звук сличен кога се игра кошарка и звук од патиките и пархетот,или често има возила кои при кочење произведуваат остар звук на квичење е па таков звук само во прекини како да чепка дискот и плочката но само на една точка и како врти тркалото звукот е контиуниран и како забрзуваш и звукот е на пократки интервали.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #95 на: 10 Мај 2020, 20:49:42 pm »
Ти гарантирам дека е тоа.

Фактички, лабава е плочката во лежиштето од шепата.

Провери. Или дојди за Богданци, го решаваме за 10 минути. И частам пиво.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #96 на: 10 Мај 2020, 21:00:28 pm »
Ќе си ги искршите колите за 50-100е 😄
Кога се менува ваков сет обавезно треба целосно да се провери и подмачка шепата,правилно да се испушти воздух и да се смени глицерин за да нема проблеми во иднина

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #97 на: 10 Мај 2020, 21:03:39 pm »
Фала ќе проверам ако не се управам Богданци ми е на 60км башка по автопатот за брзо се стигнува.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #98 на: 10 Мај 2020, 21:07:32 pm »
Затоа кога се менува плочки се контролира цела шепа, се чистат лизгачите се подмачкува со специјална маст. Кога се менува диск главчината се прави стакло да биде па после се монтира. Ама нашите мајстори се отштрафи/заштрафи и завршува приказната.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #99 на: 10 Мај 2020, 21:14:14 pm »
Пак ќе кажам, извади ги плочките и зачисти ги, потоа барај други аномалии.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #100 на: 10 Мај 2020, 21:38:56 pm »
Тоа и мајсторот ми рече да ги изваде што ти ја знам,но кога се менуваа плочките водилките се исчистија и подмачкаа ќе видам што ќе бидне ,утре ако најдам време ќе го извадам тркалото ако видам нешто сам.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #101 на: 10 Мај 2020, 22:51:34 pm »
Дечки, дисковите (веќе еднаш рамнети во септември на дреар по препорака на сервисерот - памет за друг пат) ми се искривија пак. Можеби е и крива главнича како што ми посочи членот is200, али нив би ги мењал доколку дојде до потреба да сменам дискови, искрено незнам што е најпаметна опција.

Ноте: претходно проверено - средена цела предница, центрирање, балансирање гуми, бандаши.

Се решив да ги рамнам машински на кола доколку има простор за тоа нормално, и тргнав да ги посетам сервисиве кои ја вршат оваа услуга + неколку телефонски исконтактирано и испадна дека само еден сервис има еден обичен, основен алат - микромер за мерење дебелина на дисковите (многу битна работа со оглед на тоа што веќе еднаш се рамнети од моја страна а можеби и претходно пред да ја купам колата).

Бев до ЛПР сервисот на Иџе брат му што го држел , таму ме пречека еден вработен бабуш или боље кажано профи искусен фиромјанец кој со своето оштро око процени преку бандаж дека дискот имал материјал и дека бил за рамнење ;D побарав од него дали има микромер или било каков друг сличен алат (незнам, можеби машината прикажува дебелина чим се монтира на диск, тропам) да измери дебелина, приложувајќи му фабрички пропишани дебелини (21-23 мм) - добив одговор дека колку дискови демонтирал он, ја сум немал толку влакна на глава и он одма можел да каже чим ќе го погледне онака остро дискот, немало шо да му објаснуем него ја ;D ;D одма полукружно колата и идеме даље ;D

Фас Вас - дечките се профи и сум презадоволен од нив и од претходни сервисирања - меѓутоа најкоректно ми кажаа немаат таков алат па неможат да проверат, али ако се одлучам за рамнење , дека ќе завршат работа. Фала ви многу ќе ве исконтактирам.

ПСС зајчев рид -  требало прво да идам на инспекција да провереле 3-4 стручњаци и ќе дале конзилијарно мислење, па ќе ми закажеле. - Аа да ве прашам дали може дисковите да ги измерите у дебелина бидејќи веќе се рамнети ? - хехе брат4е неаме тоа ние за мерење не се секирај немуе нисто на дискот акое рамнет хехе - фала позз.

Мајстор Спасе Чаир - неможам никаде да најдам број.

Сервис Златановски - после неколку вртења човеков ми се јави конечно, имал алат ќе ги измерел, тоа се подразбирало (фала богу еден асален). Му викам ќе ти се прејавам за 10 мин за кога да закажеме и од тогаш веќе не успеав да го добијам повторно ;D


Не знам веќе кој да барам , по гугл пребарав све поврзано со рамнење дискови (машински директно на кола) и само овие наведениве сервиси ми излегоа.

Па сакам да ве замолам доколку пропуштам некој мајстор / сервис за оваа услуга од Скопје, кој си ја знае и си ја врши работата како што треба , да ми предложите.
Или пак, доколку некој од вас (од Скопје) има микромер или било што слично што ќе заврши работа, дали би ми излегол во пресрет да си ги измерам сам дисковите :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Фала ви лепо , и поздрав ;D


Златановски е тешка превара, не си го губете времето и парите со арогантниот теслар

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #102 на: 11 Мај 2020, 08:48:52 am »
Bokica можи смешно ќе ти биди, ама дисковите можиш да си ги измериш со точност до половина милиметар сам со обичен линијар. И не, не се заебавам.
Пошто ти се рамнети пред половина година и нешто сигурно не се толку потрошени за да направат раб во горниот дел, па и да има, повеќе од половина милиметар вкупно сигурно не е. За најдобро со шублер, од комшија, другар, сигурно некој има што го знаеш.

24mm кај мене е нов, минимална е 21.8мм. Можеби ќе измериш 21мм, па ко ќе видиш, нема што да рамниш.

Веќе се распрашав за дискови нови и практично си "одбрав" брембо по цена од 5100 сет + плочки 2800 од дечките во аеродром што увезуваат брембо, ваљда се legit ;D

Што кола имаш? Моите Брембо беа 70€+30€ дискови и плочки од грција. Дисковите на опаковката имаат код за скенирање да провериш дали се оригинални. Од ко ја фрлив кутијата, на слики видов дека имав код кој не го скенирав, ама 5000км засега се одлични.  :-\

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #103 на: 11 Мај 2020, 09:02:16 am »
Јас мислам дека мерење на дискови колку мм се не е релевантно во случајов освен нормално ако не се веќе потрошени. Туку постои инструмент каде што дискот го вртиш и мериш варијација на дискот. Доколку е над некаков си параметар ондак имаш нерамномерна потрошеност и тогаш иде на рамнење или менување.

03:10

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Рамнење на Дискови
« Одговори #104 на: 11 Мај 2020, 09:04:34 am »