Аудито е секогаш досадно, а Брабусот битурбо не се возел, а Голфот W12 не се командал (баш го изребри хамонд, дека Стигот ниеднаш не го изврте голфот). Далеку од тоа дека ТопГиар е лоша емисија, напротив е една од најдобрите на планетава според мене, само треба да размислуваш и со својата глава. Логично е дека Аудито е безобразно добро, само е поскапо. А корветата го има приматот, првично зошто е ефтина, и второстепено зошто е на места побрза. Незнам ама 10/10 бирам дека би го купил брабусот да имам пари, без разлика што „не се вози“, зошто нема да се понашам како тркач со него, туку ќе си го газам како што јас сакам, зошто пред се тоа не се тркачки коли. Тие треба да не се расипуваат и да се интересни.
Затоа не е толку важно времето на стаза (Мерцедес Блек), за една кола да е добра. Си има многу други работи.