Ме потсети дечкото со темата за Корсата, дека и кај мене не светат трепкачите кога ја заклучувам / одклучувам.
Колата има фабричко централно, како и копче на клучот (кое претпоставувам дека е фабрички истотака). Само една работа ме буни, а тоа се сензорите кои се поставени на стубовите на вратите. Досега немам видено на такво Ауди да има сензори на стубовите, што значи дека ова е од после наместено.
Мање битно тоа, ме интересира дали треба да светкаат трепкачите кога ке ја заклучам / одклучам колата. Треба ли некоја жица да се спои за да светкаат или?
Инаку, еве слика од клучот и сензорот