Се работи за пежо 206 1.4 8 вентилски мотор со 75 коњи. Пред 2-3 месеци забележав дека нема антифриз во садот и дотурив цел литар, после месец дена пак фалеше дотурив уште пола литар и сега скоро ја дотурив и другата половина. Деновиве забележав мајонез на капачката за дотур на масло и антифризот е мрсен, не сум бил на механичар ама 99% сум сигурен дека е отиден дихтунгот на главата. Ме интересира што ќе ме советувате, колата има 220000 километри, заменет е ребраст каиш комплет со затегач и водна пумпа пред 15000 километри. Дали да одам на варијанта ремонт да ги заменам сите дихтунзи, да заменам карики, гумици на вентили, да го рамниме блокот или да го менувам само дихтунгот, дали ќе морам да заменам и ребраст каиш, маслото и антифризот претпоставувам дека ќе морам да ги заменам пошто се контаминирани. Отприлика колку би ме коштала оваа операција и дали е попаметно да барам половен мотор зошто не сум многу сигурен во мајсториве во Охрид и не знам колку успешно ќе ја завршат работата, да не испадне да ги потрошам парите и после пак да барам половен мотор.