Малце да обновиме.
Прво да споделам искуство од плинот. До сега со плинот имам поминато околу 4000 км. Просечна градска потрошувачка се движи од 8 до 8.5 во зависност од условите. На отворено (кога бев на одмор) фул товарен со 5 луге во кола ми излезе 7.3.
Во почетокот плин полнев на Макпетрол, но неколку пати плинот знаеше да им биде катастрофа. Сега полнам на Окта на партизанска и сум прилично задоволен. Разликата во влечење на бензин и плин (со плинот од Окта), е неприметлива. Неколку пати се имам фатено како погледнувам во тастерчето дали префрлило на плин или е на бензин
У секој случај презадоволен сум од плинот, а и џебот повеке ми се радува
Вчера направен редовен сервис на 152 112км. Све вкупно ме кошташе 2030 ден.
1. Selenia Gold 4L 1600 ден.
2. Филтер за воздух 220 ден. марка Filtron
3. Филтер за масло 210 ден. марка UFI поточно како на сликата:
Сакам да ве прашам дали го бива?