Не сакам да ме сфатиш погрешно друже, Пунтото ти е топ и сето тоа.
Ама да кажуваш дека 0-100км за 11 секунди и макс 180 (ако се сеќавам добро), мислам ќе почнат луѓето мајтап да ти играат.
Зборуваш за мотор 1.1 со 55КС и 8 кубика помалку од 101.
Значи за Fiat/Zastava и стари VW не ми бега детал кога се однесува на перформанси и како да се постигнат тие.
За бројките за кои ти кажуваш на оваа каросерија што ја има Пунтото ти требаат околу 100КС и долга петта брзина за 180км/ч и убава делница (можда малку наудолу
)
Никој не оспорува дека не ти е зачувано. Но тоа не е доволно да имаш 50КС вишок
Јас сум прв газда на кола 1.6 16V - 107КС и едвај ја спотнувам на 11 секунди и каросерија од 1300кг и максимална брзина од 185км/ч (во идеални услови). Колата има 133000км отприлика и е гледана како бебенце со најквалитетни подмачкувања, серивиси итн.
Тоа е исто како јас да викам дека мојата за 8 секунди развива 100км/ч а ми фалат едно 50 - 60 КС
1.1 да развива 11 секунди до стотка ти треба краток мењач, каросерија од 500-600кг ...т.е ептен добро Фиќо.
Познати се примери кај што се става добро обработен 903 мотор (од Ј45) со мењач од 750-ка, двогрлен карбуратор (што дава околу 55КС на истиот мотор) и специјален издув како и добро стегната каросерија и саглам меки гуми
и едвај постигнува 11 секунди до 100
Тоа е то што јас можам да ти го кажам.