Автор Тема: Fiat Punto 55s 1.1i 1997  (Прочитано 63785 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #15 на: 05 Јуни 2011, 14:16:20 pm »
Како и да е ова што го пишувам го пишувам со факти. Секој има право на свое мислење. А за свивтот од 1000 кубика ако е се фабричко на него може само во ауспух да ми гледа

 ;D ;D  :D :D :D  ;D ;D

Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #16 на: 05 Јуни 2011, 15:04:16 pm »
Како и да е ова што го пишувам го пишувам со факти. Секој има право на свое мислење. А за свивтот од 1000 кубика ако е се фабричко на него може само во ауспух да ми гледа

Колку си сигурен. Да не е случајно обратно, и со многу разлика.  :P хехех
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #17 на: 05 Јуни 2011, 15:11:25 pm »
100% сигурен.Пробано

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #18 на: 05 Јуни 2011, 15:36:32 pm »
Види, не сакам да те навредам или сл., пунцето е супер ауто, за у град е одлично, може да се тркаш со свифтови и слични ауца, ама моите сомнежи за 12с. до 100 за кола со 55кс и 850кг и брзините од 180км/ч се сосема оправдани, чисто да ти објаснам зошто се сомневам: Возачка дозвола имам колку што ти е старо пунтото + 5 години (од 93-та поточно), во животот имам возено :
101 55 коњи, на моите
Самара `90та 75 коњи, нова на моите, потоа мое
Пунто `97ма 75 коњи ново лично мое
Цитроен Зед Икс `96 103 коњи на моите,
Стило `04 95 коњи ново лично мое,
Алфа 166  `05 150 коњи лично моја,
Поло `10 75 коњи на жена ни.
Последните три аута сеуште се во мој посед.
на краток период ми поминале уште десетици аута низ раце, со различни снаги, повеќето од нив сум ги возел до нивните лимити и при забрзување и при постигнување макс. брзини.
Знам која кола колку може - верувај...без некои сериозни промени на моторот, ова ауто не иде 180 (освен фрлено од карпа) провери си ги твоите факти со помош на некој ГПС уред, и види дали ти се димензиите на гумите соодветни спрема спецификациите (помал дијаметар повеќе ќе лаже на обртомер).. Чисто за инфо, Стилото кога оди 180 по километража, по ГПС е 168. Алфата со 150 по километража е 140 по ГПС.... на 100 по километража, стилото уствари вози 93 по гпс.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #19 на: 05 Јуни 2011, 16:28:18 pm »
За забрзунањето неможам да гарантирам дека е за 11 сек. затоа што го имам мерено со штоперица али сигурно е под 15,7 сек. Друга работа е тоа што ја имам мерено со ГПС уред Гармин и краде 8км. Згора на се пред некое време ме фатија цајкани на радар низ Скопје возев 100 а радарот покажа 92 и си платив казна односно 25 казнени поени ;D ;D ;D. И уште една работа е тоа дека имам возено друго пунто исто 55ка и има многу разлики како што забрзуванјето до 100, макс. брзина,  стабилноста и други работи. Заборавив да напоменам дека пунтото е италијанско не е полско или чешко и е купено од увоз од Германија не е за наш пазар. Во секој случај ти благодарам за советите

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #20 на: 05 Јуни 2011, 16:40:02 pm »
види ако си ти среќен со перформансите - сите се среќни :) Не се сите пунта во мк купени полски :) моето беше италијанско. 55-ките беа, и дизелите беа. 75-ките бар у мое време беа произведени во италија.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #21 на: 05 Јуни 2011, 18:52:23 pm »
Видете, ке кажам нешто... не сакам никој да бранам... или да судам... :)

Значи имам другар, прв газда е на пунто1 со 5 врати 1.1 55 кс со 60 000 км и он вика на крајна повеке од 165кмч не идело... а на уздолница кај Групчин го дигнал 180-185кмч, е сеа купи уште едно странско пунто поточно од Германија исто 1.1 со 55 кс со 180 000 км, и лудо иде... значи, прва втора и 3та чкрипело... и многу убаво пунело и идело... него неговото што било чувано како бебе...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #22 на: 05 Јуни 2011, 20:35:58 pm »
Рики и јас сакам тоа да им кажам. Имав и јас прилика да возам друго пунто од тука и има голема разлика во примањето и во крајната брзина

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #23 на: 05 Јуни 2011, 20:46:15 pm »
Значи не го бранам жиле... што се вика не го ни знам...

Кажувам, што ми кажал другар на кој му верувам... иначе сеа тој мотор, од тоа странско пунто оваа недела ке се стави во фичо.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #24 на: 05 Јуни 2011, 21:12:59 pm »
kola ako trosi ulje vo odredena kolicina bez preteruvanje ide poise od obicno, bidejki ima poveke za sogoruvanje :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #25 на: 05 Јуни 2011, 22:17:48 pm »
Искрено мислам дека Fiat прави одлични (мали) мотори, поготово FIRE серијата. Начинот на разработување (првите 5-6.000км) на моторот многу значат. Според фабричките податоци, Punto Sporting 85, со 6 степен пренос  има вакви податоци:

Top speed: 177 km/h
Acceleration 0-100 km/h: 10,5 s
Навистина, тешко дека ќе ме убедите дека 1.1 40kw spi 8v, има перформанси блиски до 1.25 63kw 16v mpi па макар биле и најлошата полска изведба. збориме за фабрички немодифицирани возила.
А јас би предложил другарот со пунтото што му оди полошо, да види зошто му оди полошо... може го гледал ко` бебе, ама не може да гледа какво ѓубре му се насобрало у резервоар од бензинов и колку калцификат му се нафатил на бризгалката. или како му работи сензорот за температура или ламбда сондите. Тоа кај нас во сервис не ти го есапат... ако рокне - тогаш ќе почнат да мислат...
 Сигурно увезеното (ако бил на редовни ТИф или сл. прегледи) има и добри сензори и добро согорување, инаку не проаѓа на „технички“.
Исто верувам дека на Жиле пунтото е во одлична состојба, од истите причини, бољи стандарди на одржување во њемачка, затоа и иде така добро (без сакразам) :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #26 на: 05 Јуни 2011, 22:32:19 pm »
Така е... се согласувам со тебе...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #27 на: 06 Јуни 2011, 00:05:36 am »
Да да тука се согласувам со тебе. И друга работа кога ке ставам супер 98 многу подобро иде отколку кога ке ставам безоловен 95. И не само тоа, со 98 помалку троши. И уште нешто исто така има голема разлика од која бензиска пумпа ке ставам бензин.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #28 на: 06 Јуни 2011, 00:59:24 am »
Да да тука се согласувам со тебе. И друга работа кога ке ставам супер 98 многу подобро иде отколку кога ке ставам безоловен 95. И не само тоа, со 98 помалку троши. И уште нешто исто така има голема разлика од која бензиска пумпа ке ставам бензин.

хехе ми враќаш мемории, кога ке отидев во грчка и ќе стаев БП 100-ка во пунтацот.... мама ебааше (ексјуз мај френч) :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Fiat Punto 55s 1.1i
« Одговори #29 на: 06 Јуни 2011, 11:14:49 am »
И мене не ми се верува на рамно да крене 180. АМА НА РАМНО!
Низбрдо може да крене 180. Опел Кадет од 1967 година во 2005-та низбрдо крена 165 со 1,1 мотор и 45кс