Автор Тема: Додавање клима на Peugeot 207?  (Прочитано 1607 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Додавање клима на Peugeot 207?
« на: 29 Април 2013, 17:11:29 pm »
Еден мој пријател има Peugeot 207 бензинец. Колата е фабрички без клима. Дали постои можност да се додаде клима уред? Која би била постапката? каде? цена?


поздрав


Дарко

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Додавање клима на Peugeot 207?
« Одговори #1 на: 29 Април 2013, 17:26:18 pm »
Najubavo od nekoja mavnata 207. Vadis klima kompresor, evaporator, ekspanzionen ventil, filter, creva, kontrolna edinica, vnatresen del so izmenuvacot i site zici i kontrolni moduli. Ace Diavia nosi klimi mozes so nego da se vrzes. Mislam servisot bese vo Kisela voda ako ne se lazam.

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Додавање клима на Peugeot 207?
« Одговори #2 на: 30 Април 2013, 12:58:12 pm »
Постапката е малце комплицирана, еден пријател ставаше клима на Пежо 306
Му отидоа околу 500еур менуваше и контролна табла(шалт табла) зашто
поинаку е изведбата на каналите за циркулација. Дополнително и хладњак мораше
да смени. А да не зборам за проблемите што ги имаше потоа.
Помина повеќе од еден месец додека да профункционира климата како што треба.
Сега работи беспрекорно, можам да кажам дури и подобро од фабрички вградена клима.
Може да се вгради клима меѓутоа потребно ти е време, пари и нерви додека да се среди.

Go Baby, Go...!!!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Додавање клима на Peugeot 207?
« Одговори #3 на: 30 Април 2013, 20:18:20 pm »
знам некој коли имаа место за клима
за сузуки свифт од 96-97 знам дека лежиштата си беа направени се,само да земеш делови и да ги наместиш на штраф

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Додавање клима на Peugeot 207?
« Одговори #4 на: 30 Април 2013, 23:22:55 pm »
И кај мене си има лежишта.

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Додавање клима на Peugeot 207?
« Одговори #5 на: 01 Мај 2013, 11:07:06 am »
Пред една година ја направив истата процедура на Мазда 626 бензинец. Е сега јас целата работа ја завршив во Бугарија. Тука се изнашетав по сите сервиси по Скопјево (новус, цеко, пачкуљ и другите и ги заборајв) и сите трц мрц, абе не знам, не се наоѓа, ги нема за нив, нема да дојди како што треба, цела кола треба да се растури дрн дрн. Така да баталив тука и се активирав на мазда форум во БГ. прво и основно е да најдиш удрена 207ица, нормално е да гледаш предницата да е добра, деловите се како што ти напиша бугар погоре, разгледај на cars.bg, mobile.bg . најверојатно додуша хладњакот и евапораторот ќе бидат скапани, најдобро е нови да си ги земиш, исто од БГ, 50% се поефтини. Јас ги најдов деловите, организирав доставка преку карго во Ќустендил и преку еден пријател од Мазда форум БГ, тој ми организираше монтажа во сервис таму. Алал да му е на дечките, сервис-домашна радња, двајца дечки од 20+ години, ама цела работа ја завршија ептен профи, за еден ден. Барем еднаш неделно имале ваква монтажа на клима во кола, и ниту еднаш не промашиле, целата операција му е рутинска. Мене ми дојде ~450еур, со нови хладњак и испарувач.
Кај мене беше олеснителна околност дека Маздата си имаше фабричка припрема за клима, значи се беше да речам plug-play, маската и каналите за циркулација не се чепкаја, само клапната (внатрешната единица карши совозачкото) и нормално електрониката до дугме за пуштање. Добро би било некако ако можиш да испиташ ова (пак совет, прочепкај пежо форуми од БГ, СРБ, ХР)
Фала богу, мојата си работи супер, една година помина.
Ако ти се нафати некој тука, супер, нема да се дрндариш како мене во БГ, ама ако не, прочепкај прво убо, најди си делови и заврши си работа.
поздрав

Отсутен Stole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
  • RoadRunner...
Одг: Додавање клима на Peugeot 207?
« Одговори #6 на: 02 Мај 2013, 11:31:06 am »
Сервисот каде што пријателов ја местеше климата се наоѓа на улица Скупи,
патот од Влае према Злокуќани. Сервисот се наоѓа одма пред мостот на Лепенец
од лева страна кога одиш од Влае. Не знам како се вика сервисот ама специјализирани
се за Пежо. Деловите за климата ги обезбедија они, меѓутоа превиме муабет за
половни делови. Можеш да поминеш и да ги прашаш, мислам дека ке завршат работа.
Go Baby, Go...!!!