Како што гласи и насловот,ме замоли понежна половина да и најдам половно мало возило до макс 3000 евра,да не речам Опел Корса Ц,бензинец.
Многу битно е да не е увезена,по можност од прв газда,да има клима и да е во солидна состојба.Освен клима други електрики,серво волан и слично не се обавезни,дури можда и подобро е да е без нив.Лично мое убедување е дека од корсиве,нема поефтино возило за одржување,а не се така лоши со квалитет.Ако имате некој пријател,познат или некој од вас продава вакво ауто,нека пише во темава.Огласи слични како во темата за интересни понуди на возила нема потреба од постирање,зашто ретко на сајтовите за продажба на коли има добри аута,све се или увезени или ептен крш.Однапред да се заблагодарам на сите што ќе допринесат за предлог,а секако и мислења околу изборот на марка/модел се добредојдени(јес да сум тврдоглав,ама ако).