денес сум решавал да гледам некои моторчики 50 цц исклучиво за тркаљавање низ градоФ... со оглед дека лани ми го тропнаа моторот и нашава драга полиција не го најде, а без мотор не ја бива барем летно време низ градов наш насушен и пресушен во летните жеги и горештини, па од она што ми кликна некако у глава и од целиот избор што го имав ми остана да размислам до сЈутра или бар до прекосЈУтра помеѓу следниве две солуции:
п.с. имиња не пишувам, се тоа е исти ку*ац пошто е кинеско, разбира се...

ова е 50цц по документи а во суштина е 80цц. четворотактен мотор, 2 години гаранција, 830 јуреци, рече ке го даде за 800. вака фино изгледа, малку ми се ниски рачките со оглед на тоа дека сум јас 195 висина. овој носи 13-ки гуми, алу бандажи, 2 амортизери, абс на предно тркало.
следниот избор е:

и овој е 50цц ама е двотактен. 1 година гаранција, и седиштето му е за 40 сантими подолго од привот. овој е 1010 (да со 10 на крајот) евра. го дава за 10 евра поевтино и гратис аларм за моторот ке ми вгради. е на овој му се повисоки рачките и тоа многу брка работа за мене. рачките ми ги промашуваат колениците, и со оглед на големината на седиштето, комотен сум да ги товарам и двете керки со мене. овој носи 14-ки гуми, и овој е со алу бандажи и абс на предно тркало.
па вака у дилема сум... иако некако повеке навивам за вториот, пошто за брзо време ке можам да му направам апгрејд на машината и да го направам 80-ка, а со оглед дека е двотактна, тоа ке биде релативно јако зверче за влечење за во градска средина. нагласувам дека вториов е висуелно а и фактички поголем од првиот и во висина и во должина...
и да... некако ми запна во око бела боја, а верујте дека немам појма зашто. а да... и на кредит ке го зимам...