На 26, 27 и 28 Април во Rechberg-Австрија стартува втората трка од Европското првенство на Ридски патеки за 2013 година-Голема награда на Австрија. Rechberg е единствено Европско Ридско натпреварување во Австрија кое е едно од најголемите Авто спортски настани во овој регион и се вози веќе четириесет и една година,а за прв пат е организирано во 1972-та година
Околу 200 натпреварувачи од 14 земји ќе земат учество на оваа патека долга 5050 метри на која се развива максимална брзина и до 240 km на час.Рекордот на патеката од 1,55,690 е во рацете на Италијанецот Simone Faggioli поставен во 2010-та година со неговата Osella FA 30 .
Но она најинтересното за нас е дека оваа година боите на нашата држава ќе ги брани Летечкиот Македонец Игор Стефановски Иџе, единствениот наш преставник на ова престижно натпреварување.Стефановски оваа година ќе настапи во Класата N+3000 со неговото ново возило Mitsubishi Evo 9,кој оттука заедно со неговиот тим Lpr racing ќе го започне походот кон освојување на Европскиот Шампионат на Ридски патеки.
Сите кои се заинтересирани да го гледаат овој Европски натпревар и кои сакаат да го бодрат нашиот преставник, како информација која ќе ви послужи е дека Билет за Саботната трка чини 18 евра, за главната трка во Недела 20 евра,или Топ карта за целиот викенд изнесува 28 евра.
http://krivina.mk/wp/?p=466