После повеќе промашувања, конечно Electronic Arts извадија добра игра, со добра игривост, графика и огромни можности за модификации на големиот број возила што можете да ги пробате во играта. Играта ја играм на следнава конфигурација
CPU: Intel Core 2 Duo E7300
VIDEO: NVIDIA GeForce 9800 GT (1024 MB GDDR3)
MEMORY: 2048 MB DDR2 800
Графичките подесувањата се на средни вредности, резолуцијата е 1920 Х 1080, конфигурацијата ми е под просечна за денешни стандарди, но сепак играта изгледа одлично и не паѓаше под 24 фрејмови во секунда и немаше никакво сецкање, така да би требало да може да се игра и на послаби конфигурации како мојата без проблем.
Интрото во играта е релативно кратко, но впечатливо, после тоа ќе ве дочека менито кое е доста прегледно и лесно за снаоѓање.
Подменито кое најмногу ќе го користите е CAREER

Таму се тркате, кревате нивоа, собирате пари и искуство, кои ќе ви бидат потребни за да ги отклучите многуте заклучени опции во играта
Наредно подмени е QUICK, како што кажува самото име се работи за инстант трки, каде можете да подесите на која патека со која кола и против колку противници ќе возите.

Дел каде што мислам дека многу ќе минуваат голем дел од времето во играта е GARAGE подменито

тука ги имате опциите MY CARS, UPGRADES, TUNING, VISUALS, TAKE A PHOTO. Како што и самите имиња на подменијата кажуваат, тука можете да ги вршите сите измени на вашите коли и кога ќе завршите со подесувањата, можете и да си ја фотографирате колата.
Наредно подмени е CARLOT, каде можете да купувате нови возила

Целта на играта е да напредувате низ 15 нивоа, започнувајќи од 1-во ниво

и како ќе ги завршувате настаните во секое ниво, одите до последното 15-то ниво

и после добивате можност да учествувате на GT1 шампионатот како врв на играта.
Сега нешто повеќе за модифицирањето на колите.
Во овој дел од играта можете да го појачувате вашето возило со купување на разни афтермаркет делови од мотор, суспензија, турбо па се до боди китови

конкретно кај моторот на пример ги имате следните можности

значи довод на воздух и сите други финеси околу подесувањето на моторот, еве и уште неколку слики од можностите за модифицирање, кој верувајте се многу



Во играта има и дел за фино подесување на колата, кое сепак повеќе е наменето за добри познавачи на тунингот

еве како изгледа делот за фотографирање на колата

Во продолжение неколку слики од возењето и аглите на возење










Еве и листа низ слики од дел од колите што можете да ги возите во играта
































Ова е само дел од колите, а сигурно има и дел сокриени коли кои ќе се отклучуваат во текот на играта. Низ играта ќе ве води професионален возач и преку првите две трки ќе ви се одреди нивото на тежина, кое во секое време можете да го промените, физиката на колите е доста реална и бара некое време за навикнување, но е далеку подобро направено од првиот дел на истоимената игра. Играта ја препорачувам на сите што се заљубеници во возењето добри коли и нивното модифицирање до најситен детал. Добра забава!