Некој спомна во темава за тоа дека имало посебен тип на подлога при фарбање алуминиум. Ќе ми ја објасни ли некој целата постапка зошто се заглавив некако “ на пола пат“.
Се работи за рам од велосипед од алуминиум. Прво со демол, па потоа со 1000-ка шмиргла е соголен рамот до алуминиум секаде ( раце ми паднаа не се нафаќајте

). Јас мислев дека ќе треба само со филер да го ишприцам и да го измазнам филер-от со 1000-ка шмиргла и потоа да ја нанесам бојата и на крај лакот.
Кога отидов да купам боја во продавницата се погоди еден пријател таму и ми рече дека негов пријател ја направил истава процедура идентично како што сакав јас и после година дена активно возење на велосипедот бојата почнала да му напукнува т.е. да се лупи. Наводно проблемот бил во подлогата, затоа што дечкото што го имал истиов проблем прво го исчистил неговиот велосипед до гол алуминиум, го одмастил, го ишприцал со филер и на крај бојата ја нанел во 3 слоја ( 3 раце

), и потоа 2 или 3 раце лак. Пријателов ми рече дека имало посебна подлога и имало друга процедура пред нанесување на бојата кога се фарбало алуминиум.
Мене сега така ми стои рамот недела дена и сеуште ништо немам купено зошто до сега немам фарбано и збунет сум тотално. Кажете ми што се треба да купам и како оди постапката ?
Фала многу а ?
