А што да кажам, претпоставувам за цената има разлика каква/колку работа има, материјал, итн. Мене ми побара 1.5К за 4 бандажи. Не беа многу искривени ама кај сите имаше видливи помали проблеми. Човекот работата си ја заврши полека без брзање, дури на крај зашмиргла и исфарба со спреј. Без ништо да му побарам. И не му сметаше да го гледам како работи (што не е баш често кај мајсторите), и со кеиф го гледав како работи... Не знам какви искуства имаат други со него, ама јас греота е да се пожалам. Од мене има препорака.