Осигурителните компании размислуваат за укинување на зелениот картон, дознава „Дневник“ од свои извори. Сега се бара начин како да се изведе тоа. Еден од начините што најверојатно ќе се прифатат е дополнителна премија за секое возило што ќе се регистрира. За сметка на тоа, сите регистрирани возила ќе може да минуваат граница без дополнителен зелен картон. Оваа одлука следува по завчерашната информација дека од почетокот на следната година Србија ги укинува зелените картони. Во Владата вчера ниту ги потврдија ниту ги демантираа информациите. Во Националното биро за осигурување велат дека се свесни дека осигурувањето на возилата е скапо.
Единствена премија за осигурување
- Бараме начин тоа да се намали. Мора да се најде единствено решение за зелениот картон, но претходно ќе мора да се сменат многу работи. Се размислува за негово укинување, но тоа е с` што можам да кажам во моментов - вели Јонче Поповски, директор на Бирото.
Тој објаснува дека цената на зелениот картон зависи од многу фактори, меѓу кои најбитни се вкупниот износ на штети во странство, реосигурување на штетите, нематеријалните штети, кои се многу висока ставка, и фалсификуваните зелени картони кои се всушност и најголемиот проблем.
- Точно е дека цената на зелените картони во земјава е меѓу поскапите во споредба со земјите од регионот поради тоа што Македонија нема единствена премија за осигурување на автомобилска одговорност - велат во Националното биро за осигурување. Оттаму велат дека сите сопственици на автомобили во поголем број од државите во ЕУ плаќаат единствена премија за осигурување и зелена карта. Неа ја плаќаат сите сопственици на моторни возила, а износите што се наведуваат од 4 до 6 евра како премија за зелен картон се всушност манипулативен трошок за печатење на формуларите, а не посебна давачка за зелен картон.
Се уште се прават анализи
Барањето на возачите и на превозниците за пониска цена на зелениот картон почна лани. Тогаш Владата почна да прави анализи за намалување на цената на зелениот картон. За таа цел беше формирана и посебна комисија, која броеше пет члена од кои три беа од Министерството за финансии. Во телото тогаш немаше ниту еден член од осигурителните компании. Тие дури и не беа известени дека Владата презема нешто по ова прашање.
Македонските граѓани за зелен картон со важење од еден месец плаќаат 2.450 денари, за три месеци - 3.670, за половина година - 5.500 денари. За цела година ќе треба да издвоите 9.760 денари.
Наплаќањето на високите цени на зелените картони осигурителни компании го оправдуваат со големиот број нерегистрирани возила од над 30 проценти и високите трошоци за реосигурување.
Додаваат дека за да се смени ваквата слика за земјава, институциите треба веднаш да преземат чекори за да ги отстранат од сообраќај нерегистрираните возила, а и да ја подобрат законската регулатива во осигурувањето.
Валентина Ангеловска
Како Македонија нема друг
Ако сакаме да направиме споредба на државите во околината, тогаш сме во ќор-сокак бидејќи начинот на кој се плаќа осигурувањето кај нив е сосема различно.
Во првата група се земји што имаат единствена премија за автоодговорност во која се Словенија со 1,6 милион возила и таму се плаќа 224 евра за автомобил. Во Хрватска премијата е од 197 до 573 евра, а има 2 милиона возила. Во Србија за исто толку автомобили се плаќа од 66 до 172 евра премија, а во Бугарија со 3 милиони автомобили возачите плаќаат од 82 до 134 евра за патничко возило.
Во втората група се возилата каде што осигурувањето и зелениот картон се плаќаат одделно. Овде, освен Македонија со 300.000 возила, се Албанија со 250.000 автомобили за кои се плаќа по 49 евра за осигурување и 400 евра за автоодговорност. Во Турција со 13 милиони возила се плаќа од 160 до 575 евра за осигурување и 400 до 500 евра за зелен картон.
Ставрески најави поевтинување за 30 отсто
Намалување на цената на зелениот картон за 30 проценти најави вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања при пуштањето во употреба на мост во неготинското село Долни Дисан.
- Владата направи анализи на состојбите во осигурителните друштва. Имаме и завршни сметки за 2010 година кои покажуваат дека има простор за намалување на цената на зелениот картон. Можам да најавам дека на првата седница на владата што ќе ја формираме ќе донесеме одлука за намалување на цената на зелениот картон и очекувам тоа да не биде помало од 30 проценти и за транспортерите и за граѓаните - изјави Ставрески.
A ova pak, site ke plakaat poveke za smetka ne nekoj.
Sto mislite za ova?