Автор Тема: Големи проблеми со осигурувањето за мали сообраќајки  (Прочитано 4208 пати)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5574
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Осигурителните компании го прекршуваат законот на штета на граѓаните кои во случај на сообраќајка со мала материјална штета го пополнуваат Европскиот извештај за сообраќајни незгоди, обвинуваат од МВР. Според Министерството, одлуката на Управниот одбор на Националното биро за осигурување, во која осигурителните друштва го признаваат Извештајот и исплаќаат надомест само за сообраќајки во кои е предизвикана материјална штета до 750 евра, е спротивна со Законот за безбедност во сообраќајот каде што е јасно дефиниран поимот мала материјална штета, па определениот износ од 750 евра кој Бирото го определило е нерагуларен. Од полицијата реагираат дека некои осигурителни компании во упатствата што ги даваат за користење на Европскиот извештај наведуваат случаи во кои учесникот во сообраќајка е должен да повика полиција, иако истите не се предвидени во Законот. Од Бирото, пак, велат дека проблемот со толкувањето на поимот мала материјална штета е во постапка пред Врховниот суд, кој ќе треба да определи дали штетата ќе биде дефинирана со некоја номинална вредност.

Слаба примена на образецот

Оштетените возачи, но и полицијата не можат во прецизен износ да ја утврдат висината на материјалната штета. Поради тоа, во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата наместо номинална вредност, односно износ, е предвиден објективен пристап при дефинирање на поимот мала материјална штета во сообраќајна незгода.

- Споменатата интерна Одлука на Управниот одбор на Националното биро за осигурување, како подзаконски акт е спротивна на Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата и не може да се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи кој е општ закон во однос на Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата - изјави Кузман Дамчевски, виш полициски советник за сообраќајни работи во Секторот за полиција.

Поради недоволната примена на образецот, пред две години беше донесена и измена на Законот со кој се воведоа казни за осигурителните друштва што нема да им издаваат Европски извештај на граѓаните кои кај нив ќе склучат полиса за осигурување. Европскиот извештај, иако се применува од 2005 година с` уште нема голема примена и освен во Скопје неговата примена не е заживеана на целата територија на Македонија, иако статистички 70 отсто од сообраќајните несреќи се со мала материјална штета.



Произволни проценки

Според Дамчевски, Националното осигурително биро ја кочи примената на европскиот извештај.

- Осигурителните компании сега се приватен капитал и ние не можеме да ги браниме нивните интереси - дециден е Дамчевски. Оцената за причинетите материјални штети е произволна, односно ориентациона и може да се згреши во процената при одредување на износот на штетата, односно оваа процена е нестручна, неквалитетна и не може да има сериозна примена како аналитички показател - вели Дамчевски.

Според осигурителните компаниите, Извештајот служи за утврдување на фактичката состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината за сообраќајката. Токму поради тоа се јавуваат проблеми кога во сообраќајката е причинета поголема материјална штета.

- Граѓаните по обичај, кога знаат дека се виновни за незгода во која има голема штета, одбегнуваат да ја признаат вината. Поради тоа, пожелно е да постои полициски извештај со кој на оштетените ќе им се олесни постапката за обесштетување. Кога некој предизвикал голема штета пожелно е да оди постапката на суд, бидејќи во спротивно оштетениот може да чека на исплата со години. Во интерес на граѓаните поведовме постапка пред Врховниот суд за да се прецизира поимот „мала материјална штета“. Судот ќе треба да утврди дали поимот ќе има воопштено значење или ќе му се утврди одреден номинален износ - рече директорот на Националното биро Јован Поповски.



Граѓаните се жалат

Во меѓувреме, граѓаните се жалат дека имаат проблеми со компаниите.

- Не може осигурителна компанија да ме обврзува со исплата на штета од само 750 евра кога само за еден фар и поправката на браникот на мојот автомобил ме чини над 1.500 евра. Нека дојде некој од осигурителните агенти и нека ми го направи возилото за 750 евра, па јас ќе го честам уште толку - ни изјави скопјанецот Игор Костовски.

Проблемот со сообраќајки со мала материјална штета особено е присутен кај скопските таксисти, на кои поради нивната работа почесто им се случуваат незгоди.

- Неодамна ме удри автомобил кој во рикверц излегуваше од паркинг. Возачот беше свесен дека е виновен и веднаш се договоривме да пополниме извештај, по што со мобилните телефони ги сликавме автомобилите и ги тргнавме од коловозот. На самото место го пополнивме образецот и си разменивме телефони. Агентот ги виде извештаите и дојде на процена на штетата која ми беше исплатена навреме. Меѓутоа, не се сите компании исти, со едни може лесно да се работи со други не. Едни исплаќаат навреме, други никогаш. Многу мои колеги не можеле да си наплатат осигурување иако имале уредно пополнет извештај, па дури и изјави на нотар од лицето кое ја предизвикало сообраќајката дека е виновен - вели таксистот Драган.

Возачите во најголем број сообраќајки немаат доверба едни во други и ја чекаат полицијата да изврши увид. На тој начин се соочуваат со казна од 250 евра, бидејќи не ги тргнале возилата од коловозот и не го пополниле, потпишале и размениле извештајот.
                                                                                                                        Prevzemeno: Dnevnik online.


Sto mislite za gore navedenoto?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Во врска со горенаведеното мислам дека треба да отворам 6 очи и да гледам да не ми се случи сообраќајка. Само како на жена ми да и ги отворам очите не ми е јасно. Само јасно ми е дека во оваа мочана држава нема правдина. тоа го имам почувсдтвувано повеќе пати, се тетравам по судови само ама државата ги штити капиталистите а не граѓаните. Кога не се може не се може. Ја-з'к

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Мислам дека у случај на незгода треба да дојде агент од осигурателната компанија на лице место и он да изврши проценка на штетата како компетентно лице, а и ќе немаш после проблеми со наплата и тн.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5574
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Jas samo znam edna rabota, dodeka ziveev "aktivno" vo MKD, imav dve soobrakajki so policija i nemav problem so naplata (ne bev kriv vo dvete situacii), ali spored ova i spored kazuvanja na prijateli, sega momentalno e haos, nedaj boze da bides u takva situacija.
Lugeto kako prvo neznaat sto da pravat.
Sreka toj sto mi ja pravi polisata mi ostavi broj pa, aki nedaj boze nesto go baram odma, inace ne bi se snasol iskreno.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
  • Боинг 747
Opa nesto od moj domen:)

Samo kratko ke kazam.
Luge kasa popara e so zakonive.
Ispaga rabotava podobro da nemas nisto:)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Или ако направите собраќајка напрајте штета над 750 евра ;D ;D ;D ;D