Автор Тема: Притисок и пумпање на гуми  (Прочитано 27841 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #45 на: 27 Септември 2015, 00:17:07 am »
Јас имам ваков https://www.amazon.com/gp/aw/d/B00S0ODBZO/ref=oh_aui_i_sh_in_o2_img?ie=UTF8&psc=1 купен од Амазон и досега сум презадоволен. Се ориентирам строго според него од причина што на секоја бензинска пумпа компресорите покажуваат различно а тоа сум го увидел кога возам подолги релации па застанувам на бензински да ги проверам гумите. Многу корисна алатка и според мене една од задолителните што мора да се има во кола.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #46 на: 27 Септември 2015, 00:20:39 am »
Подобро би било уште некој долар да додадеше и да ставеше Tpms.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #47 на: 27 Септември 2015, 00:33:15 am »
Имам сензори за притисок на колата ама тие ти укажуваат само кога притисокот на една или повеќе гуми ќе се промени, но што правиме кога возиш и попат бордот ти јавува дека притисокот во една од гумите е слаб и треба да ја напумпаш. Како што реков од искуство, на различни бензински различно им покажуваат компресорите за воздух. Секаде постојат осцилации. Со апаратчево точно можам да ги подесам сите гуми да бидат со ист притисок.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #48 на: 27 Септември 2015, 00:48:00 am »
Kako kje gi podesis na zagreana ili na ladna guma???
Toa aparatce znaes deka razlicno pokazuva koga kolata kje ja vozis i koga stoi parkirana cel den ???

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #49 на: 27 Септември 2015, 01:23:25 am »
Апаратчето отчитува онолку притосок колку што има во гумата, без разлика дали е ладна или загреана. Точно е дека кога е загреана гумата има отстапување на притисокот. На летните гуми тоа отстапување е за 0.1 бар односно загреаната гума покажува притисок поголем за 0.1 бар од ладната (измерено повеќе пати). Секогаш ми се случува да измерам притисок 2.0 на ладна гума а по возење од 15-20 минути (летно време) да покаже 2.1. Ако не дај боже нагло ти падне притисокот во гумата во тек на возење апаратчево е одличен ориентир колку треба да ја напумпаш гумата споредено со останатите три. Ништо не е совршено па така ни апаратчево но досега откако го имам посигурно се чувствувам со него отколку да се потпрам на компресорот за воздух на било која бензинска.

Ќе напоменам една случка што ми се деси лани на 31 Декември баш со притисокот во гумите и тогаш си дадов збор да го купам апаратчево. Баш на 31-ви лани во очи Нова Година менував гуми во Олимпико, ги вадев летните и купив нови зимски. Ве молам не прашувајте зашто сум чекал баш до тогаш. Ми ставија нови зимски гуми, отидов до кај братучедите да ги видам и кај 4-5 поладнето тргнав за Паланка. Надвор веќе беше стемнето, ладно у пичку метар. Кога ми ги ставија новите гуми заборавив да сетирам во бордот дека притисокот е ОК за зимски гуми. И после патарина ми се вклучи сијаличката на бордот дека притисокот не е во ред на гумите. Да го имав апаратчето со мене ќе го измерев притисокот на сите гуми, ќе утврдев дека се ОК и ќе продолжев. Арно ама јас го немав, па фино лепо си застанав на првата бензинска на Макпетрол, одма после Рафинерија кога чичко Марфи дошол пред мене и го заебал компресорот. Компресорот не работеше. Стигнав до другата бензинска на Макпетрол на самиот влез во Куманово каде што за среќа компресорот работеше. Подесив на 2.0 бари и според тоа како што беше подесен компресорот ги напумпав гумите. Го сетирав притисокот во бордот и тргнав. Таман после некои си 300-400 метри ете ти ја пак сијаличката. Отидов на бензинската Твинс Петрол, таму пак обичен компресор, не можеш дигитално да подесуваш колку сакаш. Пумпај, издишувај ми премрзнаа рацете од студ а после секое подесување на гумите според компресорот сијаличката на бордот никако да се ресетира. Си реков јас Нова Година нема да чекам на бензинска и си го фатив џадето за Паланка. Возев 80-90км/ч до Паланка. После празникот на 2-ри Јануари ако не се лажам ја однесов колата на перење и успат да ми ги проверат гумите. Сум успеал да ги напумпам на 2.6 бари според читачот на компресорот. И тогаш си реков ќе купам едно од овие апаратчиња и досега мака сум немал.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 415
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #50 на: 02 Декември 2020, 07:06:31 am »
Да ми препорачате мерач за притисок, прецизен од каде може да најдам?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #51 на: 02 Декември 2020, 08:31:56 am »
Имам сензори за притисок на колата ама тие ти укажуваат само кога притисокот на една или повеќе гуми ќе се промени, но што правиме кога возиш и попат бордот ти јавува дека притисокот во една од гумите е слаб и треба да ја напумпаш. Како што реков од искуство, на различни бензински различно им покажуваат компресорите за воздух. Секаде постојат осцилации. Со апаратчево точно можам да ги подесам сите гуми да бидат со ист притисок.
За голф 7 збориш?
Имам забележано кај мене ако притисокот падне МНОГУ, а тука зборам ако ти бил 2.3 и сега ти е 1.5 тогаш ми се има појавено порака check rear left tyre low pressurе, значи ти кажува конкретно која гума има намален притисок. Ако добиеш порака само дека имаш изгубено притисок без да ти кажува која гума, тогаш не се секирај многу, немора одма да бараш бензинска.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #52 на: 02 Декември 2020, 08:42:56 am »
На некои возила треба да ги напумпаш гумите како што треба/сакаш и да притиснеш да ги прочита тие вредности дека се нормални. И потоа нема да ти се јавуваат такви испади или многу поретко.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #53 на: 02 Декември 2020, 09:11:04 am »
На некои возила треба да ги напумпаш гумите како што треба/сакаш и да притиснеш да ги прочита тие вредности дека се нормални. И потоа нема да ти се јавуваат такви испади или многу поретко.
Баш ова треба да го направам на колата, за да сетирам нормални вредности, не се сетирани сега. Со колата дојде и мини компресорче, веројатно ќе врши работа за проверка на притисок и да се допумпа ако треба. Него, притисок со мереше на незагреани гуми, така? Има врска надворешната температура, те дека е ладно сега, околу 0 степени, па да покаже нереални вредности или нема врска?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #54 на: 11 Мај 2022, 08:18:06 am »
Не.

Нема што да го компензираш. Тие ознаки не се однесуваат за притисокот во гумите.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #55 на: 23 Јуни 2022, 12:42:20 pm »
Здраво дечки.
Ми треба пренослива пумпа со примарна цел за проверка на притисок и пумпање гуми на тротинет.
Ке биде добро да се најде за гума за кола по потреба.
Некоја препорака ?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #56 на: 23 Јуни 2022, 12:47:33 pm »
Oд тротинет до кола има огромна разлика, ама еве за тротинет:

https://velosiped.mk/produkt/pumpa-mini-giyo-gp-04k-kompakt-anatomska-tw-08/



или

https://www.xiaomistore.mk/index.php?route=product/product&product_id=73



Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #58 на: 24 Јуни 2022, 07:20:14 am »
Поглупа пумпа од ножна ти се две ножни пумпи. Не знам за каде ти треба да ја носиш или чуваш, ама за вкола најдобра опција ти е за на акумулатор/опаљач, а за дома чување, исправена рачна.

Имам малку искуство, рипа на сите страни на повратното, па кај на една нога стоиш па и да ја бркаш. И тоа ножното со рака имам видено да се користи.

Ако имаш среќа да ја погодиш да не мрда и со добра техника, можи ќе ја користиш времиња.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: Притисок и пумпање на гуми
« Одговори #59 на: 24 Септември 2022, 08:23:27 am »
Дечки само да ви споделам една моја голгота.

На службената возам General Altimax AS (ол сизн) а претходно Hankook Kynergy Eco-така-нешто.

Кочењето со новиве гуми ми се претвори во кошмар! Посебно имав страв пред пешачките бидејќи АБС-от редовно се активираше и за случаjните минувачи тоа делуваше како да сум возел 100ка. При влажен асфалт или обилен дожд истиот проблем, од најобично кочење гумиве правеа драма.

Се помирив со фактот дека гумите се срање и тоа е тоа. Се додека не отидов на бензиска да си проверам притисок - гумите имаа притисок од 1.7бар а препорачано за возилото беше 2.2 или 2.3бар. После корекција на притисокот како да сум ставил нови гуми, кочењето значително подобрено а АБС-от се активира само при екстремно кочење.

Проверувајте си притисок сами и не им верувајте на неписмените вулканизери ;)