Само што го изгледав
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
"Drive"
Да бидам искрен, стварно не ми е јасно по кој основ има 7.8/10 на имдб... Уште еднаш си потврдив на самиот себе дека оцената на имдб не ми прави никаква разлика. Филмот е спор, на моменти дури и досаден, ниско буџетен со слаба, евтина глума, едно брдо "continuity" грешки и е се' на се' очаен. Џабе силни цитати и моќен слоган.
Единствена добра ствар е што трае 90ина минути кои иако се чинат дека се 240, сепак брзо завршуваат.
Излишно е да кажам дека не го препорачувам.
Се осврнуваш на оценки на ИМДБ?
До пред некои 10 години, сосема реални беа оценките, ама тогаш допирни точки со ИМДБ имаа претежно филмофили (скржави во оценувањето, на нож се земаа филмојте во тоа време...). Години покасно, стана модерно секој да се зачленува на се и сешто и ако има можност да се рангира нешто, онака од ракав... пошто како што кажав, секој...
Јас на пример да ги најдам тие илјадниците што акнале оценка 1 на Шошенк Редампшан, Форест Гамп, 12 изнервирани луѓе... ќе ги запалам на плоштад. Во никој случај на такви филмој не му се турка рејтинг со 1... ама ај, дечишта, дај му Америчка Пита и десетки фрчат...
Не се потпирајте на оценки на ИМДБ, особено не на понови филмој, каша попара е, врска нема.