Некој овде или во некоја друга во некоја тема напиша за
Train To Busan а не го наоѓам никаде постот сега. Во секој случај, фала за предлогот - добро ми дојде синоќа со пуканки и пиво.
Се работи за корејски зомби хорор, солидна продукција со потпросечно сценарио (и премногу форсирани емоции во сцените), но како и повеќето зомби филмови (за мене) сеуште прилично забавен филм и лесен за гледање. (совет: симнете го српскиот превод, на англискиот фалат солидни делови превод)
Штета што Синеплекс не носат повеќе не-холивудски филмови, продукциски филмов дефинитивно е за гледање во кино.
https://www.rottentomatoes.com/m/train_to_busan/