@
Ipkisija Meskosa стварно имаш тапа вкус! 
Вака сеа. Овде не има доста членови. Некои се експерти во информатичка технологија. Некои имаат солидни познавања од областа на електрониката. Некои растураат во областа на автобилизмот...
На никои не им се мешам во тоа, само гледам да поднаучам нешто од нив, затоа што, нели, тоа е нивната област, а не моја.
Да преминам на главното. За филм. Е тоа е веќе мојата област, да се запознајме, јас сум Филмофил

Тешко дека твојот заклучок ќе ме натера да се замислам дали имам тапа вкус, затоа што јас не почнав да гледам филмој од Америчка пита наваму, или пак обични лигавешки амерички клишеа со Дензел Вашингтон. Верувај ми има ептен многу пред тоа, а тоа јас го имам изгледано (нешто и по два пати).
Така да, ако сакаш навистина да поднаучиш шо е филмска уметност, можиш понекогаш да читниш шо сум напишал овде ( ме мрзи сеа да ги барам сите рецензии за филм шо сум ги оставил на доста наши портали).
Така да, ако си програмер, биди програмер, ако си доктор, биди доктор, не го оспорувам тоа, ама да кажиш дека јас имам тапа вкус, заради што филм со Дензел Вашингтон сум го опишал како долг и заморен, е тоа е малку претерано. Љуфка на Земекис, типот шо стои зад Back to te Future, Contact, Forrest Gump...
Дензел Вашингтон има играно само во 3 добри филма, а тоа се:
Fallen, American Gangster и Inside Man. Остатоко е обично, потпросечно, америчко, патетично дркање...
Тапа вкус! Извини шо сум навлечен на дела од режисери како што се: Кјубрик, Копола, Линч, Велс, Хичког, Џармуш, браќата Коен, Спилберг, Скорсиз, Полански, Куросава, Леоне, Форман, Лукас, Костурица, Фелини, Гилиам, Тарантино, Били Вајлдер, Де Палма, Полак, Ричи, Тарковски, Висконти, Казан, Андерсон...(тие ми текнуваат во моментов, им се извинувам на останатите шо не ми текнуваат

)